Со голем број настани се чествува патронот на градот

Голем број настани го одбележаа денешниот ден кога се чествува името и делото на патронот на Охрид,  Св. Климент Охридски.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sv.kliment
св.климент

Точно напладне, претставници од локалната самоуправа, странски делегации, претставници од политичките партии и охриѓани, на градскиот плоштад се поклонија и положија цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски. Свој настап имаше и црковниот хор на Св. Богородица Перивлепта кои пред присутните гости и изведоа неколку црковни песни. делегацијаУтрово , граѓаните се поклонија пред моштите на Свети Климент Охридски во црквата на Плаошник каде имаше света литургија, а положија цвеќе и пред споменикот во основното училиште што го носи името на патронот. Во рамките на Светиклиментовите чествувања, во Центарот за култура „Григор Прличев“ денеска беше отворена и изложба на отпечатоци на уметнички дела од австралиски уметници. Изложбата е насловена како „Богатството на духот“а организатор на истата е Амбасадата на Австралија во Белград. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески рече дека таа е производ на долгогодишната соработка што општината ја има со авсатралиската амбасада. Тој додадае дека иако Австралија просторно е далеку културата е таа што не зближува.delegacija

Ние во соработката со австралиската амбасада ја потенциравме важноста од културната соработка на градот Охрид и Австралија и со оглед на тоа што имаме потпишано меморандум за соработка со градот Волонгог беше договорено дека во 2015та ќе го посетиме овој град каде ќе го презентираме нашето кулктурно наследство, рече Бакрачески.

На отворањето на оваа ликовна поставка, освен изложбаохриѓани, присуствуваа и бројни делегации и гости кои денеска се во Охрид за да празнуваат заедно со градот и да му оддадат почит на светецот Климент. Амбасадорката на Австарлија во Белград, Хелена Штудерт рече дека и преставува огромно задоволство што токму на овој голем ден е во Охрид.

Охрид има богата културна традиција и богатство и ние во Австралијаимаме такво богатство што ниго оставија Абориџините па на ваков начин ќе можеме да ги размениме нашите културни вредности, рече Штудерт.

Повеќедневното празнување по повод патрониот празник на градот се заокружува вечерва со свечената градска академија на која се доделуваат највисоките општински признанија, наградата и повелбата „Свети Климент Охридски“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top