И оваа година “Цветни балкони – Цветен Охрид“

Традиционално и годинава по четврти пат се реализира акцијата “Цветни балкони – Цветен Охрид“. Оваа активност се реализира во рамките на неделата на животна средина, а ја спроведува Одделението за заштита и влијание на животната средина при Локалната самоуправа на Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“.

 |  Николоска Биљана  | 
zardenjeri
жарденјери

zardenjeri300 жардинери со саксиско цвеќе денес беа поделени на 100 тина охридски семејства. Ова цвеќе од расадникот на претпријатието  „Охридски Комуналец“ќе се пресели во нивните дворови. Денешните подарени садници се само дополнителен мотив, охридските дворови да го добијат вистинскиот лик и да претставуваат одмор не само за нивните очи туку и другите да се восхитуваат, велат граѓаните.

„Супер се искрено кажано и за охрид и за нашите  домови. Повеќе ќе се заинтересираат луѓето за своите домови преку ваквите акции. Добро е совршено така треба да продолжат народот треба да одгледува и негува цвеќиња за поубав град“.

 

zardenjeriОвие акции треба да продолжат и понатака. Со тоа даваме поттик, луѓето подобро да си го уредат својот двор, вели директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа.

„Нивна иницијатива е Охрид да го украсиме со дел од нашиот цветен расадник. Нашето претпријатие е задолжено за украсување на градот и затоа како нивни дел им помагаме во однос на разубавувањето на градот“– рече Скрческа.

Во соработка со основните и средните училишта од Охрид, исто така се одвива акција за собирање на стара хартија во дворовите на училиштата, каде се  поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата можат да се вклучат сите граѓани и институции од Охрид , кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до најблиското училиште.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top