О.У. „Григор Прличев“ го одбележа денот на пролетта

Голем еко хепенинг во О.У. „Григор Прличев“ за денот на пролетта и денот на екологијата. Тое е во рамките на акцијата  „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“ . Децата низ бројни програмски активности, приредба, садење на дрвца, изработка на украси од хартија, уметничко сликање на чешмата во дворот и др, секој на свој начин покажаа како ја доживуваат пролетта.

 |  Николоска Биљана  | 
den na proletta
ден на пролетта

den na prolettaДенот на пролетта, денот на екологијата, децата од О.У. „Григор Прчичев“ го одбележаа со еко хепенинг во дворот на училиштето. Децата, покрај садењето, изведоа приредба, со пригодни песнички и рецитали за пролетта. Садењето на дрвца и цвеќиња, ликовните работилници на отворен простор и еко хепенинзите веќе прераснаа во традиција, вели Анастасија Настеска, психологот во ова основно училиште. Додава дека денешните  активности се во рамките на Еколошката кампања „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“, на Министерството за животна средина. Настеска нагласи дека овој настан предизвикал голем одзив и присуство од страна на родителите, кои и во други прилики ги подржуваат овие и слични акции, и ги доживуваат како дружење и отворена соработка со школото во кое учат нивните деца.

den na prolettaВо разубавување на амбиентот во училиштето помогнаа и од ЈП „Охридски Комуналец“. Директорката Елена Скрческа вели дека ЈП активно се вклучува во акцијата „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“ .

„Затоа во текот на денешниот ден засадуваме рози на потегот на ул Туристичка од пазарот до влезот на Охрид со поголем број на садници исто така и во сите училишта засадуваме рози со цел да им го оплемениме дворот. Спроведувањето на оваа акција има далекусежни позитивни ефекти во однос на зачувувањето на животната средина“– вели Скрческа.

Григор Прличев - пролет

Пролетта ја дочекавме со низа активности подготвени од нашите ученици, а посебно денес, нашето училиште наликува на една голема цветна градина, вели Силвија Мојсовска. den na prolettaТаа додава дека мора да поработат на подигање на свеста кај учениците за одржување на животната средина.  

„Бели рози прв пат засадуваме, рози сме саделе претходните години и се надеваме дека оваа акција ќе прерасне во традиција. Свеста треба да се подигне во секој случај, треба малку повеќе да се едуцираат за да знаат дека тоа што го садат треба да го негуваат“-изјави Мојсовска.

Охрид денес ќе биде разубавен со над 500 садници на бела роза. Тие ќе бидат засадени во средишното зеленило на булеварите, во парковите, на кружните текови и на другите јавни зелени површини.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top