Охриѓани ги посетија храмовите за Божиќ

Христовото раѓање, Божик е најсветлиот празник во Христијанската вера. Ниту дождот, ниту пандмеијата не ги спречи верниците да бидат дел од утрената литургија во храмовите. Свештениците велат најважна е молитвата упатена со чисто срце до Бога.

Христовото раѓање, Божиќ е највеселиот празник во Христијанската вера и се слави три денови. Каде и да си за Божиќ дома да си! Е добро позната македонска изрека.

Овој ден сепоминува дома со семејството, со богата трдиционална трпеза. Вториот ден на Божиќ се нарекува „Божји ден“, кој е посветен на Мајката Богородица. Тогаш луѓето се дружат, одат на гости кај роднини и пријатели и се поздравуваат со поздравот „Христос се роди!“ Вистина се роди!

Нашата богата традиција изобилува со многу обичаи поврзани за Бадник и Божик. Палење на Бадниково гранче, посна бадникова вечера на која Бог се кани на гости и слично.

Свештениците велат најважна е молитвата упатена со чисто срце до Бога.

„Смирено, кротко и скормно треба да се однесуваме и да живееме бидејки со секое свое дело од неговото раѓање донеговото воскресени и вознесени претставува една поука до сите нас како требада се однесуваме и како да ппостапуваме но сето тоа со радост. И со верата и со молитвата треба да се бориме против ова искушение бидјеќи оваа пандемија докажа дека човекот без Бога е сосема немоќен“, вели отец Диме Азески одОхрид.

Верниците со желби за добро здравје и крај на пандемијата го честитаа големиот празник.

„Здравје мир да се смири оваапандемија со молитвите на Пресвета Богородица. Господ нека ни омогне на сите и нам“, вели една верничка.

„Здравје да ни даде, радост. Среќна сум што сум овде и да ни биде напомош Замногу години“, вели друга верничка.

-Христовот раѓање – Божик е најсветлиот празник во Христијанската вера. Ниту дождот, ниту пандмеијата не ги спречи верниците масовно да бидат дел од утрената литургија.,

На утринската богослужба во црквата Богородица Каменско имаше голем број на верници, кои се придржуваа до здравствените препоракиза заштита од корона вирусот.

Божиќ, ги, Охриѓани, посетија, храмовите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top