• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридското езеро порибено со сто илјади нови парчиња од ендемичната охридска пастрмка

Охридското езеро порибено со сто илјади нови парчиња од ендемичната охридска пастрмка

Според концесионерот на езерото, Ристе Танасоски, собраната икра за вештачкиот мрест е добар индикатор дека нивото на пастрмката се движи во вистински правец.

 |  Мишел Наумоски  | 
pastrmka
пастрмка

Охридското езеро денес си доби нов подмладок од ендемичната охридска пастрмка. Вештачкиот мрест беше спроведен како координирана акција помеѓу јавната научна установа „Хидробиолошки завод“ од Охрид и стопанскиот концесионер на езерото „Пастрмка 2012“, а во соработка и со подршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

mrestСпоред концесионерот Ристе Танасоски, од „Пастрмка 2012“, нивото на собраната икра за вештачкиот мрест е добар индикатор за подобрувањето на бројноста на охридската пастрмка во Охридското езеро.

„Денеска ќе биде порибено со 100.000 парчиња охридска пастрмка кое што порибување е дел од 2.000.000 икри која беше собрана за вештачкиот мрест и тоа е на ниво од пред десет години што е собрана икра, што значи дека собравме со подршка од Хидробиолошкиот завод, Министерството за земјоделство и пред се вработените во „Пастрмка 2012“. Нивото на која што ја собравме икрата е ниво од пред десет години, што значи дека секоја година и секој вештачки мрест што ние ќе го обезбедуваме во иднина, ќе собере се повеќе и повеќе примероци на охридска пастрмка.“-вели концесионерот Ристе Танасоски.

И концесионерот и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димоски, кој денес присуствуваше на порибувањето, една од главните причини за вака подобрената состојба е функционирањето на рибочуварските служби, но и подршката од албанска страна.

podmladok pastrmki„Паралелно со овие активности кои веќе се практикуваат 7-8 години на просторот на Република Македонија, и од своја страна Република Албанија има одредена количина рибен материјал со која го порибува Охридското езеро. Ние до пред година, две немавме особено интензивни релации со надлежните  институции од албанска страна, но врз основа на разговорите, посетите на албанскиот министер за земјоделство, и мојата средба со министерот за животна средина на Р. Албанија, веќе се интензивирани тие комуникации и таа соработка е веќе на една плодна основа поставена.“-рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димоски.

mrest na pastrmkiПрибирањето на потребната количина порибителен материјал, како и секоја година беше извршено од страна на ЈНУ „Хидробиолошки завод“ од Охрид.

„Вештачкиот мрест беше успешно реализиран во периодот од 21 Јануари, до 21 Март. Беа колекционирани околу 1.860.000 зрна икра од кои се добиени 1.760.000 индивидуи подмладок на охридска пастрмка со кои ќе биде порибено Охридското езеро оваа година.“-изјави директорката на ЈНУ „Хидробиолошки завод“-од Охрид, Сузана Патчева.

Инаку во 2013 година Охридското езеро ќе биде порибено со вкупно 2.100.000 единки охридска пастрмка со возраст од 6 до 9 месеци, а согласно динамиката на програмите за изведување на вештачкиот мрест ќе се реализира до крај на месец Септември.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top