Охридските сместувачки капацитети со високи оценки на реномираниот booking.com

Бројни туристи кои закажале аранжмани преку сервисот на booking.com освен оценка, даваат и свое мислење, пофалби и критики за сместувачките капацитети кои во истиот момент се достапни и видливи низ целиот свет.

 |  Мишел Наумоски  | 
booking.com

Сместувачките капацитети во градов со исклучително високи оценки на најголемиот интернет сервис за онлајн закажување booking.com.

booking.com servis za aranzmaniБројни се капацитетите од секаков обем и со различен број на ѕвезди кои се закитиле со високи оценки кои претежно варираат од 8,5 до 9,7 што според стандардите на booking.com е навистина висока оценка. Овие оценки и критики кои ги добиле нашите сместувачки капацитети се дело на гостите кои таму престојувале, а кои покрај бројчаната оценка даваат и своја текстуална критика за она што најмногу им се допаднало или најмногу им пречело додека биле сместени во Охрид. Еден од овие сместувачки капацитети кои се закитија со навистина висока оценка од 9,1 е и вилата „Мал Св.Климент“. Сопственикот Будимир Соколовиќ вели дека навистина го сметаат за успех тоа што во повеќе од 250тина критики кои гостите ги напишале тие успеале да добијат така висока оценка.

vila Mal Sv.Kliment„Нас многу ни значи оценката на booking.com посебно како поттик за напредување во работата. Некогаш некои работи кои не се баш така најдобро напишани, колку и да не сакаме да е напишано така, на некој начин ни ги отвора очите во кој дел сме згрешиле, како можност да се подготвиме во тој сегмент. Тоа е на некој начин таа добра оценка е како „Архимедова спирала“ добрите оценки носат повеќе гости.“-вели Соколовиќ.

Соколовиќ вели дека сите гости си имаат специфични барања и потреби, но дека за она кое е навистина квалитетно даваат многу слични оценки. Од локација на објектот, вредност наспроти квалитет, хигиена, однос на персоналот кон гостите, а неретко даваат и оценки за работи кои не се во контрола на сопствениците на објектот како бучавост и слично.

ocenki smestuvacki objekti„Во нашиов објект највисоките оценки сме ги добиле на хигиена. Скоро сите се десетки во делот на хигиената, тоа е она што прво гостите го ценат. Ценат и квалитетен wi-fi, ценат исто така добар однос на персоналот, кај нас гостинот не е бројка, кај нас гостинот е личност. Тоа чувство дома далеку од дома е врвно чувство кое некој гостин може да го почувствува во некој хотел или сместување.“-рече Соколовиќ

Инаку booking.com е најголемата светска интернет компанија за посредување со сместување. Нивната проценета вредност во моментот се движи околу 80 милијарди долари. Оценките кои се наоѓаат на самиот сајт се всушност оценки кои ги даваат гостите кои го букирале својот одмор токму преку сајтот на booking.com и само тие може да даваат критики и оценки. На овој сајт, во моментот од Охрид се помесетени 344 сместувачки капацитети, иако со малку чудна категоризација.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top