• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридската полиција спроведе зајакнати акциски контроли во сообраќајот на целото подрачје на СВР Охрид

Охридската полиција спроведе зајакнати акциски контроли во сообраќајот на целото подрачје на СВР Охрид

Од СВР со апаел до сите учесници во сообраќајот,да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, се со цел да го дадат својот придонес за подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

 |   | 

Со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, изминатиов викенд охридската полиција спроведе поинтензивни акциски контроли. Поради управување со моторни возила под дејство на алкохол, прекорачување на брзината на движење, беа исклучувани лица од сообраќајот, а беа и одземани возачки дозволи.

„Една од главните забелешки е дека имаме мал пад на бројот на возачи кои управуваат со моторни возила под дејство на алкохол. Во оваа последна акциска контрола спроведена викендот, беа забележани два случаи, а на претходната спроведена на 9-ти беа константирани три случаи на лица кои управуваат со моторни возила под дејство на алкохол“ вели, М-р. Стефан Димоски – портпарол СВР Охрид.

Димоски вели дека овие позитивни резултати наизглед незначителни, се индикатор да се продолжи со акциските контроли. Учесниците во сообраќајот кои управувале под дејство на алкохол или ја прекорачиле брзината веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. Полициските службеници евидентирале 10 случаи на пречекорување на брзината на движење во населено место, што впрочем е причинител број еден за сообраќајните незгоди.

„Во изминатиов период сме регистрирале случаи управуваат моторно возило без да стекнат право на управување и без да имаат соодветна документацијаи дозвола за тоа. Секако дека тоа било снакционирано, но исто така има случлаи кога одредени возачи своите возила ги управуваат технички неисправни што претставува и тоа како голема опасност за личната безбедност и онаа на останатите учесници во сообрачајот“ објасни М-р. Стефан Димоски – портпарол СВР Охрид.

По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 6 барања за поведување прекршочна постапка и тоа 2 во Охрид и 4 во Струга. Се преземаат и мерки против сопствениците на хаварисаните моторни возила оставени низ градските улици и останати јавни површини. Димоски упати апел за сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, со цел да го дадат својот придонес за подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top