ОХРИД УСПЕШНО ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Големи количини на неразградлив отпад викендов беа подигнати од крајбрежјето на Охридското Езеро во рамки на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“. Се чистеа плажите  Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред село Пештани.

 |   | 

Во теренските активности за чистење беа вклучени Општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“, локалните  здруженија „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“ како и голем број граѓани.

Акцијата беше иницирана и организирана од страна на компанијата „Мен енд маунтен“, со поддршка на Министерството за животна средина,  „Пакомак“ и Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија.

Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и истата беше реализирана согласно протоколите за заштита од Ковид 19.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top