Во Охрид се води антикампања против ХПВ вакцината

Охридските епидемиолози очи в очи со родителите за да ги разубедуваат во нивните предрасуди за ХПВ вакцината. Стручните лица ги убедуваат родителите во исправноста и безбедноста на ХПВ вакцината и нејзиниот позитивен ефект во спречување на ракот на грлото на матката  чиј предизвикувач е ХПВ вирусот.

 |  Валентина Нелоска  | 
HPV vakcina
HPV vakcina

Охридските епидемиолози очи в очи со родителите за да ги разубедуваат во нивните предрасуди за ХПВ вакцината. Стручните лица ги убедуваат родителите во исправноста и безбедноста на ХПВ вакцината и нејзиниот позитивен ефект во спречување на ракот на грлото на матката  чиј предизвикувач е ХПВ вирусот.
Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, истакнува дека во Охрид и Дебрца е поразителна бројката на родителите кои одбиваат нивните девојчина да ја примат ХПВ вакцината, која од крајот на 2009 година е задолжителна и во нашата земја. Во Охрид се вакцинирани само 18 посто, додека во соседна Струга и Дебар ситуацијата е многу поинаква и бројот на вакцинирани млади девојки е 96 проценти. Охриѓани  се подготвени да платат и високи казни  само да се избегне оваа  вакцина.
dr. KoroveshoskaСлабиот одзив  д-р Стурлакова Коровешоска го објаснува како резулата на случувањата пред неколу години кои настанаа со  вакцините против свинскиот грип. Обвинувањата се насочени и кон слабо информираните родители кои користат информации од Интернет каде што не постои цензурирање на научните трудови. „Матичните лекари и гинеколози  водат негативна кампања за ХПВ вакцината, а и тие користат информации од Интернет“,   вели д-р Коровешоска.
Слаб интерес за задолжителната ХПВ вакцина покрај Охрид е регистриран и во  Скопје. Ситуацијата во Источна Македонија е сосема поинаква и во некои градови вакцината е реалзирана  100 посто, нагласува д-р Коровешоска. Во светот, пак досега вакцината ја примиле 50 милиони млади девојки на различна возраст во  42 земји во  Европа, Сад и Канада.  ХПВ инфекциите се најчесто сексуално преносливи кои резултираат со неколку заболувања меѓу кои и ракот на грлото на матката.
Во евиденцијата на Центарот за јавно здравство во  Охрид во 2010 се регистрирани 22 случаи со карцином на матка  кај популација на возраст помеѓу  55 и 64 години. Додека со предканцерогени промени на матката  биле откриени  225 случаи на возраст од 35 до 44 години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top