Охрид празнува и достојно ги одбележува „Прличевите беседи“

Низа свечености во чест на Великанот на нашата литература – Григор Прличев. 5 ти и 6 ти февруари охриѓани ги одбележуваат „Прличевите Беседи“.
За Григор Прличев денеска во името на Друштвто на писателите на Македонија, писателот и општествен деец Видое Видически одржа пригодна реч во која истакна дека големите луѓе се раѓаат, живеат и творат во исклучително тешки времиња.

 |  Татјана Маленкова  | 
Prlicev
Prlicev

Prliceva vizitaНиза свечености во чест на Великанот на нашата литература – Григор Прличев. 5 ти и 6 ти февруари охриѓани ги одбележуваат „Прличевите Беседи“.
За Григор Прличев денеска во името на Друштвто на писателите на Македонија, писателот и општествен деец Видое Видически одржа пригодна реч во која истакна дека големите луѓе се раѓаат, живеат и творат во исклучително тешки времиња. „Нашата преродба немаше да се оствари со таков интензитет без присуството на Григор Прличев, а нашата култура ќе беше посиромашна без достоинствата што ги создадоа „Сердарот“ и Скендербег, додаде Видически.
Во Спомен куќата на Прличев во стариот дел на градот, се одржа средба со млади музичари и поети, а вчера пак во беше промовирана книгата „Колку е убава мојата внука“ од Мирко Томовски, после тоа беа претставени членови на литературниот клуб при младинскиот совет Охрид“, истакна директорката на Градската Библиотека, Александра Белеска.

Prliceva vizitaДенеска во „Прличевата Одаја“ во Градската библиотека беше промовиран портретот на Панде Манојлов, афирмиран македонски автор и член на Друштвото на писатели на Македонија. Тој е и Првиот македонец што минатата година објави свои дела и на татарски и арапски јазик.  

„Она што е особено интересно за Панде Манојлов е постојаноста од одмереноста, постојаноста од творечки континуитет кој може да го проеследиме од првата негова стихозбирка па до денес“ вели промоторот на ликот и делото на Манојлов, Милица Димитриевска Радеска.

„Она што е помалку познато за аворот што малкумина го знаат е фактот што би се рекло дека висинската поезија нема граници така да дел од неговата поезија е посветена на Палестинскиот народ се наоѓа во сите антологии на 15 арапски држави. Токму неговата песна за палестина во 1982 година студентот Абас Абделкари кој студирал во Скопје бил воодушевен од неговата поезија“, вели Милица Димитриевска Радеска – промотор.

Панде манојлов не е само поет, тој е и прераскажувач, публицист, долгогодишен новинар во Битолски весник. Тој пишува и песни за деца, кратка проза со хумористично, сатирична содржина. „Григор Прличев е великан кој ни дава потиг на сите македонски писатели да бидеме тоа што сме“, истакна поетот Манојлов.

Pande Manojlov„ Можеби ние нема да го достигнеме неговото дело но затоа сме темели или потпор на нашето македнско битисување на овие Европски простори. Јас како автор на дваесетина книги поезија, проза, литературна критика, театарска критика минатата година прославив 40 годишен љубилеј од излегувањето на мојата прва книга но патеките мои беа исти или слични како оние на нашиот великан Григор Прличев минатата година мои творби беа објавени во осум држави“, истакна поетот Панде Манојлов.

Денеска во библиотеката се одржа и традиционалната „Прличева визита“, а Основното општинско училишта го одржа и својот партонен празник.   По повод 119 години од упокојувањето на Григор Прличев, бројни делегации од општината, од јавните, образовните, културните и други институции денеска положија свежо цвеќе пред бистите и на гробот од ловороносецот.

Роден сум во Охрид на 18-ти јануари 1830 според едни, 1831 според други. Затоа и ретко споменувам дати, запишал во својата автобиографија великанот и преродбеник Григор Прличев. Но, сепак 6-ти февруари, денот кога во 1893-та година починал поетот, останува датум за паметење за сите генерации и датум кој достојно се одбележува во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top