Од утре затворен патот с. Царина спој со Охрид-Св. Наум, ресенско поради реконструкција

Јавната установа Национален парк Галичица Охрид информира дека регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, ќе биде целосно затворен за сообраќај за сите моторни возила во наредните десет денови, во периодот од 23/07/2021 до 07/08/2021 поради реконструкција на коловозна конструкција.

Овој патен правец дваесетина години наназад се затвора за секаков вид сообраќај од октомври до март. На одлуката за затворање на овој патен правец регираа планинарите и љубителите на природата од Охрид и регионот, туристите, но и општините Ресен и Охрид.

затворен, Наум, Охрид, патот, реконструкција, ресенско, СВ, спој, утре, царина

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top