Обука за локални туристички водичи во Општина Дебрца

Преку мобилна апликација локалното население ќе се запознава со вредноста на биодиверзитетот во Белчишкото Блато. Во Општина Дебрца беше одржана обука за локални туристички водичи со цел зголемување на свеста за вредноста на блатото.

 |   | 

Во рамки на прегуграничниот проект „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓугранична област – Conse-pp“ кој се спроведува од македонска и грчка страна беше одржана обука за локални туристички водичи преку која населението се запозна со вредноста на биолошката разновидност во Белчишкото Блато. Обуката беше спроведена во Општина Дебрца од професори од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем”. Во рамки на проектот досега се спроведени повеќе проектни активности меѓу кои и пренамената на старата касарна во еко- музеј на Белчишкото Блато.

-Она што е битно за нас како Општина во фазата на целосната имплементација на овој проект е што Општина Дебрца стекна нови искуства, не само во фазата на апликација на проектот, но и во фазата на имплементација, искуства кои ќе бидат драгоцени при аплицирање за други европски проекти и второто што е истотака мошне битно е тоа што ова е уште еден чекор напред во заложбите на Општина Дебрца, Белчишкото блато да добие заштитен статус од една страна, а од друга страна да се обезбеди негово одржливо управување и користење на туристичките цели на Општина Дебрца.-вели градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.

На настанот беше презентирана и првата мобилна апликација наменета за Белчишкото Блато, преку која населението ќе може да се запознае со ретките и загрозени природни видови флора во прекуграничната област, а воедно ќе се зголеми свеста и знаењето за биодиверзитетот во Белчишкото Блато. Апликацијата е веќе бесплатно достапна за Android I IOS уредите.

Ќе биде водич за локалното население за препознавање на ретките и загрозени таканаречени приоритетни растенија и се надеваме дека ќе даде еден импулс за повеќе пристап на населението, па и целата држава, како и луѓе кои се вљубеници во природата, да ја запознаат оваа прекрасна околина која ја краси општината Дебрца и се надеваме на поголема соработка за заштита на биодиверзитетот генерално.-истакнува асистент Борис Најдовски.

Опсегот на проектот е трикратен, да ги документира специфичните ризици, да понуди конзервација за нив како резервно решение и да воведе специфични активности за зголемување на јавната свест, а целта е заштита на ретки и загрозени видови флора во прекуграничната област.

 

Новинар: Кристина Алексиеска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top