Новогодишна хуманитарна продажна изложба

Со продажба на рачни изработки до средства за новогодишни подароци и пакетчиња за децата од ранливите категории. Црвен крст-Охрид и Лаунџ бар НОА организираат новогодишна хуманитарна продажна изложба која ќе се одржи утре.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Црвен крст Охрид и Лаунџ бар НОА ја најавуваат новогодишната хуманитарна продажна изложба на новогодишни украси, креации и домашни ракотворби кои ги изработија волонтерите од Програмата за грижа за стари лица при Црвен крст, децата со посебни способности и родителите и децата од Бреинобреин програмата.

Средствата кои ќе бидат собрани од оваа хуманитарно-продажна акција ќе бидат наменети за ранливата категорија за деца од социјално загрозените семејства деца од самохрани родители, деца без родители, деца со специјални потреби и деца од згрижувачки семејства. Со нив ќе се купат новогодишни подароци и пакетчиња со цел да им ги разубавиме овие новогодишни празници, вели Сашо Точков, претседателот на ЦК Охрид.

На хуманитарната акција посетителите ќе имаат можност да видат и да купат интересни рачни изработки кои се со мотиви од Нова година и Божик. На изложбата ќе има и слики од канадскиот уметник Мајкл Клоус кои покрај што се убави имаат и своја уметничка вредност и заслужуваат ад бидат дел од нечија колекција. Изработката на украсите бил процес кој траел подолго време и во кој биле вклучени речиси сите волонтери на ЦК, од најмладите па до највозрасните.

Сите заеднички учествуваа  и со огромна љубов ги изработуваа тие производи. Посебно сакам да истакнам дека највозрасните наши волонтери со денови доаѓаа тука и во една прекрасна атмосфера ги изработуваа украсите. Сите тие кои ќе ги купат овие производи ќе почуствуваат колку љубов и позитивна енергија во нив е вткаена, вели Славица Илиќ, координатор на програмата грижа за стари лица.

Хуманитарната продажна изложба ќе се реализира во Lounge bar НОА, во четврток, 22-ри декември со почеток во 16 часот. За атмосферата во Ноа ќе се погрижат деца, волонтери од ЦК кои ќе свират на гитара и на клавујатури.
Покрај овој настан ЦК го организира и традиционалниот хуманитарен новогодишен ручек за сите социјално загрозени семејства.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top