Недела на борба против „тивкиот крадец“ на видот, глаукомот

Недела за борба против болеста, која после Дијабетисот е втора водечка причина за слепило во светот.

 |  Крсте Голабовски  | 
oko
oko

Недела за борба против болеста, која после Дијабетисот е втора водечка причина за слепило во светот.

Др.Соња Филева, олфталмологот при ЈЗУ Општа болница од Охрид, вели дека станува збор за болест на очниот нерв, при што поради покачен интраокуларен очен притисок, доаѓа до негово оштетување. Болест која предизвикува трајни и медицински и социјални последици кај пациентите.

borba glaukomФилева додаде дека оштетувањата на видниот нерв, предизвикани од оваа болест се трајни и иревирзибилни. Колку болеста порано се открие, дотолку  со соодветен третман може да се спречи прогресот кај болеста. Офталмологот, Др. Љубинка Бакаловска вели дека ситуацијата со бројот на случаи на пациенти со Глауком, исто како и во светот и во Охридскиот регион бележи пораст. За поздравување се резултатите кои се однесуваат на случаи кои завршиле со слепило. Бакаловска потенцира дека во дваесетгодишната нивна пракса имало само два вакви случаи кои се должеле на ненавремено спорведени контроли. Вклучувањето на овие прегледи во тековните систематски прегледи на населението на возраст над 40 години, во голема мерка ќе помогне во бробата со оваа болест.

О.О на Црвениот крст од Охрид на иницијатива на офталмолозите при Очното одделение на Општата Болница, а во соработка со Здружението на офталмолози на Македонија, ќе ја одбележат Светската неделата на глауком, со реализација на предавање  “ГЛАУКОМ-ТИВОК КРАДЕЦ НА ВИДОТ”, на кое Д-р Филева, спец. офталмолог, ќе зборува за глаукомот како едно од најсериозните заболувања на органот за вид, начините за негово превенирање, дијагноза и лекување. Во овој период од 12-14х ќе се вршат бесплатни прегледи.

Во моментот во светот преку 66 милиони луѓе боледуваат од глауком, а се предвидува дека до 2020 год. бројот на заболени ќе достигне 80 милиони. Бројот на слепи од глауком, во светски рамки е 4,5 милиони, а до 2020 год. се предвидува тој број да биде 11,2 милиони слепи луѓе.  Појавата на глаукомот е најчесто со неспецифични симптоми или потполно асимптоматска, поради Што, превенцијата,а особено раното откривање, е основата во борбата против глаукомот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top