Не ви е потребна лиценца да спасите нечиј живот

Под мотото „Не ви е потребна лиценца да спасите нечиј живот“ Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош, осми септември.

 |   | 

Под мотото „Не ви е потребна лиценца да спасите нечиј живот“ Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош, осми септември. Утре на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“во периодот од  десет до дванаесет часот, тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид ќе презентираат знаења и техники за укажување прва помош при повреди во сообраќајни незгоди.  

Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош. Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција за намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот.

Оваа година темата на Светскиот ден за Прва помош осми септември, е „Прв одговор при собраќајни несреќи„ За жал, секој ден околу 3500 луѓе биваат убиени на патиштата, а стотици илјади се повредени и тоа најчесто со животни последици.  Добро познат факт е дека ако не биде укажана навремена прва помош, многу од тешко повредените лица не преживуваат во сообраќајните несреќи (Светска Здравствена Организација-СЗО, 2004). Примената на техники за укажување на прва помош, особено правилното позиционирање на повредениот пред да пристигне тимот на ИМП, може да значи многу во однос на изборот помеѓу  смртта и животот. Утре на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“во периодот од  десет до дванаесет часот, тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид ќе презентираат знаења и техники за укажување прва помош при повреди во сообраќајни незгоди.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top