Младите библиотекарки од Охрид се подготвуваат за државен натпревар

Ученичките Глорија Петреска и Симона Филкоска од ОУ „Братство Единство“ го освоија првото место на општинскиот натпревар за млади библиотекари. И  двете ќе го претставуваат нашиот град на државниот натпревар за млади библиотекари кој ќе се одржи во Велес.

 |  Николоска Биљана  | 
biblioteka
библиотека

 

bibliotekaДве победнички на општинскиот натпревар за млади библиотекари кој деновиве се одржа во НУ – Библиотека “Григор Прличев” – Охрид. Традиционално и годинава организатор е Библиотекарското здружение на Македонија. Директорката Александра Белеска задоволна е од знаењето кое го покажале учениците, членови на библиотеките од Основните училишта на општина Охрид и општина Дебрца. Таа ги обелодени имињата на победниците од натпреварот и ги покани сите 17 учесници заедно со професорите утре, 15ти октомври, во просториите на библиотеката во 12 часот да дојдат и да си ги земат благодарниците и пофалниците.

„Резултати покажаа сите убави, комисијата ги прегледа тестовите меѓутоа најубави резултати за прв пат годинава покажаа две ученички, станува збор за Глорија Петреска од осмо одделение ученичка во ОУ „Братство Единство“ и покрај неа добри резултати сите 150 поени ги освои Симона Филкоска ученичка во „Братство Единство“. Годинава за прв пат и двете ќе одат на државниот натпревар кој ќе се одржи во Велес во локалната библиотека „Гоце Делчев“ и ќе ја претстават општина Охрид“ – вели Белеска.

bibliotekaИнтересот за читање не само кај возрасните туку и кај децата е огромен, нагласува Белеска. Школските библиотеки не секогаш имаат доволен број книги за да ги задоволат потребите на сите нивни членови. Па оттука, директорката кажува дека имаат одлична соработка со училиштата и не ретко се случува членовите од школските библиотеки да се и нивни членови.

„Огромен број членуваат и се интересираат и за стручната литература значи за онаа литература која редовно ја добиваме од Владата на Р Македонија и која им служи на луѓето за спремање на испити на факултетите. Библиотеката има огромен број на книги било да е стручна литература или литература за деца и возрасните читатели“ – нагласува Белеска.

Во НУБ „Григор Прличев“ има околу 3000 редовни читатели, од нив 2500 возрасни и околу 500 деца.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top