Мал пожар се гаси со чаша вода

Во НП „Галичица“ 4 години нема пожари. Тоа се должи на 24 часовно будно следење на состојбата, како и на готовноста на екипите од паркот, да се реагира, доколку се забележи и најмала искра на пламен.

 |  Николоска Биљана  | 
dzimi
џими

Температурите растат. А со тоа расте и ризикот од пожари. Вниманието насочено кон НП Галичица за заштита на ова природно национално богатство за да не ни се повтори опожарувањето од големи размери во 2007та.  Изминативе четири години состојбата во паркот од аспект на пожари е стабилна, а тоа будно се следи, вели раководителот на заштита од пожари Наумче Новески. Тој потенцира дека паркот има посебна стратегија за преземање на сите неопходни мерки да се изолира и најмалата причина поради која настанува пожарот и додава дека брзо откриен пожар се гаси со чаша вода.

pozar galicica„Треба да бидеме подготвени затоа што и летото го најавуваат дека ќе биде со високи температури и доста сушно. Точно така како што спомнавте дека Галичица е многу специфична поради приземната вегетација, значи висока шума нема, многу проблем прави приземната вегетација посебно тревите и големото количество смреки кои кога ќе се зафатата тешко се гаси. Она што е битно, е да бидеме спремни 24 саати на критичните места и од местата каде што може да се забележи и самиот почеток на не дај Боже и најмалата појава на пожар за да се реагира брзо“.

Критични точки за појава на пожар се местата каде што има најголема фрекфенција на возила и луѓе, посебно патот кој води до Св. Наум, потенцира Новески. Но за нас критични точки за детекција на пожар се слабо достапните места, додава тој. Новески ја пофали и соработката со територијалната противпожарна единица на Охрид, за кои кажа дека се одговорни, подговени и навремено реагираат а исто така ја потенцира и важноста од соработката со Дирекцијата за заштита и спасување. Но жалосно е што досега што не е посочен ниту еден сторител на ова дело, иако се знае каде лежи најголемиот дел на вината.
„Незнам каде е тука проблемот дали недоволно или нестручно обучени, тоа не е мој дел да го дискутирам, еве од кога сум јас тука овие неколку пожари каде што јас сум работел на сузбивање на истите, досега не е откриен ни еден сторител. Морам да нагласам дека 99% од пожарите се предизвикани намерно, дел од нив од невнимателност, тоа е мал дел затоа што веќе населението е, секогаш јас кажувам, се тие кои најмногу го чуваат паркот воопшто посебно од појава на пожари. Се друго е намерно палење на пожари“.
Новески апелира, внимателно со огнот, посебно да се избегнува палењето на стрништата, бидејќи пламенот во ваквите случаи не ретко се случува да излезе од контрола. Исто така од НП Галичица предупредија дека, иако досега никој не е санкциониран казните се високи. За физичко лице изнесуваат 3000 евра, додека пак за правните субјекти казната е од 6 до 8 000 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top