Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. Септември 2019 година (понеделник), во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“.

На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие).
Во понеделник, 30-ти септември, во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи голем црковно – народен собир.
Богослужбата по повод празникот, ќе започне во 14.30 часот.
Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на присуство и заедничко прославување на овој празник.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град