Кеј Македонија ќе добие нов лик

Kејот „Македонија“ партерно и хортикултурно ќе се уредува. Општината распиша конкурс за идејни решенија. Со конкурсот се бара  новиот изглед на кејот да се вклопуваво постојниот амбиент во поглед на автентичноста и естетиката. Посебно се потенцира со новите содржини на кејот да не се попречува видикот кон Охридското езеро.

 |  Николоска Биљана  | 
kej makedonija
кеј македонија

Општина Охрид објави конкурс за избор на  архитектонско идејно  решение за партерно и хортикултурно уредување на кејот Македонија. Просторот за кој треба да се изработи идејно решение за уредување во моментов е оплеменет со зеленило и нуди убави места за одмор, прошетки, релаксација, рекреација и други содржини, сметаат од локалната самоуправа но додаваат дека истовремено му недостасуваат квалитетни содржини, уредување и понуда која во текот на целата година ќе ги првлекува домашните и странски посетители.

kej makedonijaСо конкурсот се бара идеја за партерно и хортикултурно уредување на Кејот кое ќе може целосно да се вклопи во постојниот амбиент со максимална функционалност, афтентичност и естетика.  Посебно се бара акцент да се стави на видикот кон Охридското езеро и  осветлување на кејот. Право на учество на конкурсот имаат сите заинтересирани домашни и странски, правни и физички лица кои поседуваат соодветно овластување согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење.

Оценувањето на пријавените  трудови ќе го врши тричлена жири комисија. Со изготвувачот на идејното решение кое ќе биде оценето како најдобро рангирано, општина Охрид, согласно Законот за јавни набавки ќе отпочне постапка за доделување на договор за јавна набавка со преговарање без претходно објавување на оглас за изработка на основен проект. За најдобрите решениа предвидени се и награди, и тоа прва награда во висина од 90 илјади денари и втора награда во висина од 30 илјади денари. Идејните решенија треба да се доставуваат најдоцна до 9ти декември оваа година по пошта или лично со поднесување во архивата на општина Охрид.

{laodposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top