Јованоска: Не е висока цената за паркирање во Охрид

ЈП „Билјанини извори“ кое стопанисува со градскиот паркинг простор подготвено за претстојната сезона. Цената за паркирање според директорката Јованоска е нормална и во однос на останатите туристички градови од регионот истата е пониска.

 |  Кристина Алексиеска  | 

Големата фрекфенција на возила за време на викенди низ градското подрачје го наметнува прашањето за недостаток на паркинг простор за време на летната сезона.
Целосно зафатени паркинзи но и узурпирани тротоари е сликата која што може да се види  изминативе денови низ Охрид. Директорката на ЈП „ Билјанини извори“ кое стопанисува со градскиот паркинг истакна  дека за оваа сезона обезбеден е и дополнителен паракинг простор.  Претпријатието ќе стопанисува и со затворениот паркинг кој се наоѓа во кругот на  хотел „ Палас“  каде ќе може да бидат паркирани  70 возила.

“Ние како јавно претпријатие тоа што треба да го направиме е секое возило кое што ќе е паркирано да го изменаџираме, но сепак сакам и јавно, а и ќе разговараме со сообраќајната полиција да бидат повеќе на терен  заради непрописно паркирани возила, и истите тие прават проблеми во самото движење на сообраќајот, заеднички со нив мислам дека добро ќе ја изменаџираме состојбата ова лето. “ – вели Гордана Јованоска , директор на ЈП „Билјанини извори“

Пред секој почеток на сезона кога се случува промена на цената на тарифата за еден час паркирање од зимска во летна  има негодување од страна на граѓаните за поскапувањето. Јованоска вели дека целта со цената во централното градско подрачје е што побрзо влегување и излегување на возила со цел да бидат опслужени што повеќе клиенти во период од 24 часа.

„ Во централното градско подрачје треба да значи цена која ќе дозволи брзо влегување на возила и што побрзо излегување, а тоа може да се постигне само со повисока цена. Што се однесува до „Премиум зона“, во однос на 100 денари паркинг  тука идејата на локалната самоуправа беше во текот на денот да се осплужуваат туристи коишто ќе доаѓаат, а навечер да немаме голема фрекфенција на коли и тој дел да може  понормално туристите да се движат од шеталиштето кон чаршијата, да ја нема онаа врвулица на коли. “ – додава Јованоска.

Директорката додава дека кога неколку пати во тек на викенди цената била поевтина до 30 денари за час, едноставно пешаците и велосипедистите не можеле нормално да транзитираат низ кејот поради преголем број на паркирани возила. Според Јованоска, Охрид нема висока цена за паркирање, дури и во однос на останатите туристички градови од регионот цената е пониска и истата се одредува според местоположбата на паркингот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top