Давид Крстески наjвисоко на пиедисталот на „Бугарија Опен 2016“

Овој викенд во Пловдив, Бугарија се одржа А КЛАСА турнир БУГАРИЈА  ОПЕН 2016 ,кој  е најјак и најпрестижен  турнир на овие простори, каде учество над  600 такмичари  од 11 земји.

 |   | 

Овој викенд во Пловдив, Бугарија се одржа А КЛАСА турнир БУГАРИЈА ОПЕН 2016 ,кој е најјак и најпрестижен турнир на овие простори, каде учество над 600 такмичари од 11 земји. На овај турнир повеќето држави ги избираа своите репрезентации за наредната 2017 година со што по квалитетот на борбите многу го споредија со највисоки оцени.

На овај турнир претставници на нашата држава беа членовите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец-Охрид кои настапија со 16 такмичари, покрај Македонија имаше претставници од Бугарија, Србија, Босна ,Грција, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Романија,Велс и Чешка.

На турнирот беа донесени репрезентациите и кандидатите за репрезентациите при што имавме можност да гледаме врвни борби и техники кои се воодушевување ги гледаше публиката. Истотака овај турнир беше отворањето на овај турнир беа првите луѓе на светската ИТФ , , потпретседателот Мастер Марио Богданов, генералниот секретар на ИТФ г-н Ким Хјонг Рак, претседателот за организирање на турнири во ИТФ проф, Сениор Гранд Мастер Ким Унг Чол кој е еден и од најдобрите мајстори во светот, и тука беше и претседателот на Европската ИТФ Гранд Мастер Мајкл Пруит, генреланиот секретар Сениор Мастер Гери Милер ,со што му дадоа најголемо значење на овај турнир.

Нашите такмичари од овај турнир се вратија со пет медали од кои 1 златен 1 сребрен и 3 борнзени медали, за жал поради околностите не освоивме повеќе, за овај турнир акцент на нашите припреми ставивме на екипни припреми , имавме пријавено екипи за кадети и сениори, при што двајца кадети Божидар Димитриевиќ –ланскиот освојувач на златен медал на БУГАРИЈА ОПЕН 2015 и Василија Јовчески не дојдоја поради неможност да извадат полномошно за преку граница, при тоа останатите кадети ги ставивме во екипа со еден клуб од Бугарија, при што Антонио Јанески и Хриситјан Митрески донесоја победи за нивната екипа , додека од бугарските натпреварувачи ниту еден не успеа да дојде до победа и за жал испаднаа во елиминации,само да напоменеме дека ланската година нашите кадети беа 3 место екипно кога имаја 12 години ,и во елиминации ги испаднаа на најдобрите од Бугарија-Благоевград, со што оваа година одевме на прво место но за жал околнистите не ни беа во прилог, додека сениорската екипа која беше во најдобра форма досега при што очекувавме медали од нивна старана не такмичеше поради лоша организација, имаше премногу такмичари и немаше воопшто екипно за сениори., а ние акцент ставивме на екипното со цел да земеме и пехар од овај турнир да докажеме дека можеме да бидеме едни од најдобрите.
Освојувачи на медали на овај турнир беа

Давид Крстески . 1 место спаринг -борби10 год во конкуренција од 16 такмичари кои беа од Бугарија и Грција, на овај турнир Давид ја демонстрира неговата доминација со што атрактивно ги победи неговите противници и најзаслужено повторно се искачи на врвот на пиедисталот,а како најголемо признавање за неговиот успех беше тоа што лично му честитаа претседателот на Европската ИТФ Гранд Мастер Мајкл Пруит, генреланиот секретар Сениор Мастер Гери Милер кои кажаа дека во него гледаат иден светски шампион
Јане Димов.2 место спаринг-борби Јуниори 14-15 години -75 кг, кој ни приреди истотака изненадување и во финале извади нерешено со црн појас од Србија , а Јане е носител на почетнички појас , и загуби за еден поен во продолжението со ова Јане покажа дека со работа може се да се постигне

Александар Јовановски . 3 место спаринг-борби сениори -71 кг, која е една од најтешките категории ,влезе во сениори пред месец дена но покажа дека може да се носи и со повозрасни и успеа да земе медал со што ветува дека и во сениорска конкуренција ќе не радува во иднина.

Јана Спасеска.3 место спаринг-борби девојки до 14 години – 60 кг
Ангела Јовческа.3 место спаринг-борби сениорки -51кг

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top