izlozba

Изложба на фотографии

izlozbaГи Фулон вечен трагач по симболи и знаци повторно со изложба во Охрид.

Ги Фулон вечен трагач по симболи и знаци повторно со изложба во Охрид.

izlozbaСо 66 фотографии во црно бела техника, 33 посветени на Охрид и 33 на Париз, вечниот трагач по симболи и знаци, Ги Фулон после две години е повторно во Охрид со нова изложба. Оние кои имаа можност да ја погледнат изложбата се воодушевени од овој стил на документарна фотографија. Преку сликите се чувствуваат искрени и топли моменти на заљубен човек во двата града. Ги Фулон е роден Парижанец кој започнал да слика аматерски од својата 13 година, а посериозно се посветува на фотографирањето од почетокот на втората светска војна. Фулон го изработил првиот фотоапарат сам, а самоуко ја изучувал и техниката на фотографирање и развивање. Тој е првиот  странец кој после војната дошол и го овековечил преку  фотографија Охрид и неговата околина. Во Охрид ја сретнал и својата животна сопатничка Јорданка.  Па, така фотографот ќе рече некои одат во Ерусалим заради религија, а ние во Охрид заради љубовта.

На неговите слики се присутни Канео, голем број цркви, специфичната охридска архитектура, слики од обичните луѓе, занаетчии со еден збор мигови заробени во вечноста преку објективот на неговиот фотоапарат. Имал голем број групни и самостојни излагања во Париз, Охрид, Скопје, Женева, Луцерн. Изложбата на Ги Фулон „Париз – Охрид“ е во рамките на Фестивалот на Францускиот филм во Охрид. Поместена е   во големиот салон на Центарот за култура  и ќе трае до 4 јули.

{loadposition content9}

fotografii, Fulon, Gi, izlozba, ги, изложба, фотографии, Фулон

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top