Интензивни активности на Македoнско-турското здружение од Охрид

Од неодамнешната посета на Турција, се вратија со остварени бројни контакти со турската бизнис заедница, како и со донација за О.У. „Братство единство“.

 |  Голабовски Крсте  | 
poseta
посета

Надежите за соработка помеѓу Македонија и Република Турција одат во позитивна насока. Неодамнешните посети на Макеоднско-турското здружение од Охрид, веќе дадоа резултати, вели Кујтим Хусеини од здржението. Тој додава дека интересот од другата страна било да е од сферата на бизнисот, образованието или културата е навистина за поздрав.

ученици„Можам да кажам да кажам дека задоволен сум од тоа што досега го имаме направено, нормално дека тие работи не одат набрзина, треба да се почека, треба серизоно. Интересот за Македонија е многу голем, но за Охрид да не испадне како фалење, после првата средба со заменик премиерот, е премногу голем“, објаснува Хусеини.

Интересот на бизнис заедницата за инвестирање во Охрид е огромен, објаснува Хусеини, па така наскоро нашиов град треба да биде домаќин на претставници на Стопанската комора на Текирдаг. Инаку при посетата на основното училиште Билкент во Анкара, беше презентиран проектот изработен од страна на дел од учениците на О.У „Братство единство“, и нивниот ментор професорката Семра Аџи, а насловен како„Градот јазикот и културата“. Овој проект пак донесе и една конкретна донација, за училиштето.

ученици„За О.У. „Братство единство“ беа обезбедени проектори, лап-топ компјутери, камера, книги и народни носии за учениците од учикиштето“, вели Илкер Мустафа од здружението.

Мустафа објаснува, дека во план е и збратимување на Основното училиште „Живко Чинго“во Влегошти со едно од училиштата во Текирда, а исто така турците покажале интерес за инвестиција со која горниот дел на Охридската Гимназија би бил ставен во функција.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top