„Храбро срце“ го одбележа Светскиот ден на органодарителството

Здружението „Храбро срце“ со делење едукативни флаери на охридскиот плоштад денес го одбележа Светскиот ден на органодарителството. Минатата година беше направена првата трансплантација која влева надеж за нов живот кај пациентите. 20 пациенти во земјава сеуште чекаат трансплантација на срце.

 |   | 

Со делење едукативни флаери за подигнување на свеста кај населението здружението „Храбро срце“ денес во Охрид го одбележа Светскиот ден на органодарителството.

Органодарувањето е највозвишениот чин, тоа е спасување на живот. Од еден кадаверичен донор можат да се спасат дури 8 човечки животи на кои им е неопходна трансплантација. Вкупно во земјава 20 тина пациенти се уште чекаат тансплантација на срце, а најмладиот од нив има само 16 години.

Јавни личности се приклучија на капмањата се приклучи македоснката православна црква, синодот не поддржа не поддржуваат и познати кардиохирурзи Д-р Јовев, академик Жан Митрев значи се поголема и поголема е поддршката“, вели Васко Јолески претседател на „Храбро срце“.

Реномирани доктори од Охрид и Струга дадоа целосна поддршка за важноста од донирање органи по нечија смрт.

Последната година успешно направените трансплантации не мотивираа дополнително да го поддржиме ваквиот начин на кампања за развивање на свеста кај граѓаните и најголема поддршка за пациентите кои се на листа на чекање за трансплантација на органи – вели д-р Елена Башуроска, специјална болница за кардиологија.

Заеднички може да овозможиме што повеќе храбри срца како срцето на Емилија Динева да продолжат да чукаат и да внесат нов живот, а не постои ништо повозвишено од ваквиот чин. Јас донесов одлука сите можеме. Дарувај орган, дарувај љубов спаси живот“, вели д-р Арменд Арслани директор на струшката болница.

Минатата година беше извршена првата трансплантација на срце од починат донор во земјава, годинава тоа станува пракса и влева надеж кај пациентите кои чекаат трансплантација. Досега во земјава имаше четворица органодарители од кои можеше да се искористи срце.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top