Хотелиерите ова лето се надеваат на странски гости во поголем број

Со петтиот сет економски мерки  хотелиерите очекуваат поддршка за да опстанат до почетокот на туристичката сезона. А тогаш се надеваат дека покрај домашните гости со ваучери кои ќе има и странски туристи. Резервациите од ланската година се префрлени за ова лето но никој не знае дали ќе се реализираат.

 |  Соња Рилковска  | 


Хотелиерите бараат што поскоро да започне  вакцинацијата, во спротивно земјава нема да биде на листата безбедни туристички дестинации. За успешна туристичка сезона потребна е брза имунизација и подготовка на план за безбедност,  што ќе им биде претставен на  странските тур оператори.
Нема компанија во туризмот која не забележа загуби од пандемијата, покрај вакцинацијата потребна е и дирекна помош од државата.

„Сега се завршните сметки се гледа дека сите се во минус кој 50 , 60 или 70% во минус и по некаков принцип да се доделат некакви средства  по однос на тие загуби како компанијата да ги  исплати и другите трошоци не се само вработените трошоци вработените се дел имаме и останати трошкови. Се надеваме дека тука ќе добиеме некаква помош“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ

Со петтиот пакет економски мерки  хотелиерите очекуваат поддршка за да опстанат до почетокот на туристичката сезона. Надежта е покрај домашните гости со ваучери кои годинава ќе изнесуваат 250 евра. да има и странски туристи.

„Ние имаме договори со агенции за летната сеозна,  но никој не дава гаранција дали ќе дојдат, дали воопшто ќе се отворат  границите.  Се надеваме дека ќе има ваучери , да доаѓаат и туристи од надвор да се комбинра туристи странски и ваучери од домашните туристи “, вели Ерхан Папранику од   Струга.

Резервациите од минатата година се префрлени за годинава,  но се уште „лебдат“  договорите со тур операторите  од  Холандија и  Полска , дали ќе се реализираат  зависи од пандемијата и отворањето на границите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top