Хендикепот не може да ја спречи уметноста

Трета меѓународна ликовна колонија на лицата со телесен инвалидитет. Ова уметничко збиралиште веќе неколку години покажува и докажува дека уметноста не познава граници и препреки.

 |  Мишел Наумоски  | 
Mojsovska kolonija
Мојсовска колонија

Уметноста не познава и не признава граници и препреки. Каде поголем доказ за тоа, од веќе традиционалната меѓународна ликовна колонија за лица со телесен инвалидитет. Од самите почетоци на колонијата, нејзин редовен учесник е Роза Мојсовска.

Mojsovska umetnikТаа нема функција на долните и горните екстремитети, но вели дека никогаш не дозволила тоа да и биде проблем. Со уметност се занимава уште од рана возраст, но од 2006 година почнала да работи посериозно. Таа црта со акрилни бои на платно и вели дека сака да се бори, и да им докаже на луѓето дека инвалидитетот не е ги спречува во уметничкото творење и воопшто во животот. А еве од што ја црпи инспирацијата.

„Јас најмногу се инспирирам од Светото писмо, затоа што Бог ми дарил дарба да цртам, со уста и јас претежно цртам цвеќиња, природа, цртам ликови, икони. Тоа го правам за Божја слава. Бог ми дарил дарба и јас тоа морам да го покажам пред многу луѓе, да видат дека сепак Бог постои и Бог делува во мене.“-вели уметникот Роза Мојсовска.

umetnicka kolonija invaliditetРоза веќе целосно го заврши своет„Секој си има своја одредена стилска ориентација, свој стил, препознатлив јазик заедно со телесните инвалиди, доаѓаат сликари кои не се инвалиди, така да настанува и запознавање меѓусебно што е и главна одлика на овие ликовни манифестации, овие ликовни собири.“о прво дело, а до крајот на колонијата, ќе направи уште две. Таа освен што црта, исто така и пишува поезија, а веќе има издадено 4 книги. Професор д-р Зоран Јакимовски кој е дел од одборот за селекција на уметниците, вели дека секоја година се трудат на колонијата да земаат учество академски сликари, а имаат и строги критериуми.

„Секој си има своја одредена стилска ориентација, свој стил, препознатлив јазик заедно со телесните инвалиди, доаѓаат сликари кои не се инвалиди, така да настанува и запознавање меѓусебно што е и главна одлика на овие ликовни манифестации, овие ликовни собири.“-рече професор д-р Зоран Јакимовски од одборот за селекција на уметници.

Инаку на оваа трета по ред меѓународна ликовна колонија за лица со телесен инвалидитет учествуваат вкупно 15 сликари. Покрај уметниците од Македонија, учество земаат и сликари од Бугарија, Словенија, Србија, Турција па дури и Монголија. Ликовната колонија трае до Сабота, 27ми Април.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top