Грозданов: Настојуваме во Охрид да нема семејство без покрив над глава

Отворените денови со институциите, предизвикуваат голем интерес кај граѓаните. Денес генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, имаше работна средба со неговите сограѓани.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Денес вратите на Подрачната единица во Охрид на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на државата, беа отворени за охриѓани. Некои од граѓаните ги подигнуваа договорите за социјалните станови, други бараа замена за стан, а најприсутни беа оние кои што од првиот човека на ова Друштво, Цветко Грозданов, побараа да добијат стан, како би го решиле животното прашање.

„Живеам со две деца, самохрана мајка сум маж ми е починат 29 години. Имам една делба и имам стан кај „Богомилска“, има два трансформатори, влага, знае и социјалното, детето има епилепсија и сега имам една невеста болна од шизофренија, сакам еден стан да му дадат на децава, живеат кај роднини и сега ги бркаат

„Моментално живееме во социјалнава зграда на Карпош Војвода на приземје имаме пристапна рампа и сите услови за лица со хендикеп, бараме замена уште од 2013. Добиваме разни одговори…има стан…нема стан… не се од исти проект и сега конкуриравме на последниот конкурс и сеуште немаме добиено одговор“.

Политиката, да нема семејство без стан во туристичкиот бисер Охрид, ја продолжуваме, изјави директорот на Друштвото, Цветко Грозданов. Додава дека реагирале на сите молби и реални потреби на граѓаните на Охрид и повеќето од нив биле решени во нивен интерес.

„Задоволството е големо дека проблемите кои ги имавме во изминатиот период ги имаме решено, додека останува само ветувањето дека некои од нив ќе треба да ги згрижиме. Остануваат уште две семејства од египќаните да се згрижат од ул „Железничка“, додека пак другите се веќе згрижени. Во процедура сме на физичка делба на стан во кој што ќе сместиме уште две нови семејства, но дали ќе биде во овој период или период после избори, бидејќи ако се распишат избори не ќе имаме можност да го реализираме и ова, но нормално ќе го реализраме после изборите“.

Граѓаните го запознаа Грозданов со проблемите со кои се соочуваат во социјалната зграда во Охрид. Една од забелешките беше за нефункционалниот лифт кој им е потребен затоа што во зградата има станари со инвалидитет. Грозданов кажа кога била пуштена во употреба зградата лифтот имал одредени аномалии. Но тврди дека бил направен ремонт и во дадениов момент лифтот бил исправен.

„Но треба да добиеме дозвола од институциите дека тој лифт може да биде пуштен во употреба, за да немеме одговорност дека на своја рака сме го пуштиле лифтот. Јас имав една забелешка од госпоѓа на 5 ти спрат која што е инвалид и јавно и се извинувам за ваквиот случај што не можевме порано да реагираме“ – вели Грозданов.

Во Охрид засега не се налага потреба од изградба на дополнителни социјални станови, бидејќи нема голем број на барања од страна на граѓаните, информираат од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top