Градоначалникот назначи нов в.д директор на охридската гимназија

Останатите основни и средни училишта ги задржаа досегашните раководни лица. Ситуацијата е слична и кај јавните претпријатија каде што сеуште не се назначени нови директори.

 |  Мишел Наумоски  | 
gimnazija
гимназија

Градоначалникот Бакрачески стави крај на шпекулациите околу директорската функција во гимназијата „Свети Климент Охридски“. На местото од досегашниот вршител на должноста, Никола Тренески, од денес назначен нов в.д директор. Секретарот на општината, Димитар Спасески рече дека во иднина ќе следи донесување на решение за објавување на нов оглас за директор кога ќе се смират страстите во охридската гимназија.

bratstvo skolo„Денес е именуван нов в.д директор, тоа е професорката Вера Јовческа, професор по математика. Со тоа практично завршуваат сите комбинаторики кои во јавноста излегоа во овој период, во однос на гимназијата. Она што сакам да го истакнам е дека градоначалникот Бакрачески при носењето на одлуките се води исклучиво согласно законската регулатива. При носењето на определени одлуки нема простор за никакви калкулативни комбинаторики и притоа секогаш се има во предвид реномето кое што охридската гимназија го има, ниту сега, ниту во иднина нема да дозволи прекршување на законската регулатива во носењето на определени одлуки, нема да дозволиме да има систем на надгласување и покажување сила во рамки на самата институција.“-рече секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.

Во останатите основни и средни училишта, за постојани директори назначени се досегашните вршители на должноста.

KomunalecШто се однесува пак до јавните претпријатија од градов и таму ситуацијата непроменета. Барем во моментов на раководните позиции остануваат досегашните вршители на должност се до истекот на законски предвидениот рок за назначување на нови директори.

„Не можам прецизно да ви кажам меѓутоа мислам дека до првиот квартал од наредната година истекува законскиот рок, со тоа што сега ќе следува усвојување на полугодишните и годишните извештаи од работата на јавните претпријатија. Верувам дека и тоа ќе биде показател за успешноста или неуспешноста во работењето на првите луѓе на јавните претпријатија. Но велам да оставиме времето да покаже, да се донесат најсоодветните решенија кои ќе бидат од интерес и за вработените, и се разбира за граѓаните на Охрид.“-вели Томе Џамтоски-портпарол на локалната самоуправа.

Џамтоски додава дека до истекот на крајниот рок за назначување на директори на јавните претпријатија, и понатаму ќе трае проверката на способностите на сегашните вршители на должноста директор на јавните претпријатија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top