• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Георгиески: Направивме голем исчекор кон враќањето на финансиската стабилност на Општина Охрид

Георгиески: Направивме голем исчекор кон враќањето на финансиската стабилност на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид со 14 гласа „За“ ја прифати Предлог – Одлуката за долгорочно задолжување на Општина Охрид, со цел нејзино конечно раздолжување.

 |   | 

Советот на Општина Охрид со 14 гласа „За“ ја прифати Предлог – Одлуката за долгорочно задолжување на Општина Охрид, со цел нејзино конечно раздолжување.

Успеавме да направивме голем исчекор кон исполнување на една од најзачајните цели, на кои како локална власт бевме исклучително посветени, а тоа е враќањето на финансиската стабилност на Општина Охрид, истакна за медиумите градоначалникот Константин Георгиески веднаш по гласањето.

Со посветена и напорна работа за само две години успеавме да го намалиме деценискиот долг на општината, за повеќе од една милијарда денари. По денешната одлука за задолжување, започнуваме постапка преку која општината ќе го исплати преостанатиот дел од сумата што е евидентирана како неисплатен долг и од која, врз основа на извршни решенија секојдневно се генерираат нови обврски за подмирување, со астронoмски камати. Со оваа постапка ќе овозможиме одблокирање на сметката на општината, која е блокирана околу 16 години – кажа Георгиески.

Против долгорочно задолжување на општината гласаа советниците од опозиционата коалиција на ВМРО ДПМНЕ, според кои спорно е времето и формата на одлуката.

Во предложената одлука, бидејќи ние не гласаме за Физибилити студијата, туку гласаме една одлука со одреден број точки практично никаде немаме спомната гаранција дека ова задолжување ќе обезбеди со сигурност одблокирање на сметката. Вториот не помалку значаен момент кој создава резерва кај нас за поддржување на една ваква одлука е тајмингот во којшто се носи истата. Сметаме дека не е во ред на два месеци пред локални избори и повторно да имаме трошење на една енормна сума на средства на граѓаните – кажа координаторката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Коњаноска од советничката говорница.

Градоначалникот изјави дека е изненаден и разочаран од однесувањето на советниците на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

„Опозициската ВМРО ДПМНЕ повторно не покажаа политичка волја, капацитет и желба да бидат дел oд овој историски момент, кој значително ќе придонесе за подобро финансиско менаџирање на општината, ќе овозможи поголем развој на градот и подобри услови за нашите сограѓани. Покажаа дека се засегнати само за своите лични и политички интереси и дека не им е грижа ниту за градот, ниту за охриѓани! Покажаа дека не сакаат нови инвестиции во градот, кои локалната самоуправа ќе може да ги финансира самостојно и врз основа на здрав буџет.“ – кажа градоначалникот. 

 

Одлуката на Советот на Охрид оди во Министерство за финансии кое доколку даде позитивно мислење иницијативата за задолжување оди на разгледување во Влада која носи конечна одлука. За сите чекори кои ќе следат во понатамошниот процес, јавноста, како и до сега, ќе биде целосно и навремено информиранадополни Георгиески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top