Ем стоматолошка услуга, ем туристичка прошетка

Според стоматолозите од градов квалитетот на стоматолошката услуга, врвната технологија и значително пониската цена на услугите, Охрид и Македонија ги прави исклучително атрактивни локации за ваков тип на туризам.

 |  Мишел Наумоски  | 
dentalen turizam
дентален туризам

batkoski ordinacijaОхрид ги прави првите чекори кон денталниот туризам. Стоматолозите од градов велат дека Македонија сеуште се наоѓа на првото скалило од овој интересен туристички концепт, во кој туристите добиваат и стоматолошка услуга, но и можност да уживаат во сите останати туристички услуги како пакет аранжман. Д-р Небојша Баткоски од стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, вели дека тие веќе втора година практикуваат дентален туризам. За таа цел отвориле и своја ординација во Словенија која им служи како своевиден промотор и на Охрид и на стоматолошките услуги на центарот. Д-р Баткоски појаснува дека за да успее концептот на дентален туризам во нашиот град, мора истиот да биде сеопфатен како проект.

stomatoloski centar Batkoski„Самата дентална услуга, самиот престој, сместувањето, движењето низ Охрид, тоа е како еден целокупен аранжман. Нашиот почеток беше скромен, но од ден во ден зема се поголем замав. Ние оваа година за прв пат објавивме дека ги прифаќаме со организиран превоз, ние ги земаме од аеродром, ги сместуваме во еден од хотелите во Охрид, им организираме бесплатен туристички водич и целото време тие се под наша заштита и цело време сме во близок контакт.“-вели д-р Небојша Баткоски од стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

д-р Љубо Јолески пак од стоматолошкиот центар „Д-р Јолески“ вели дека во нивното искуство најчесто добиваат странски пациенти од западноевропските земји и поранешните југословенски републики.

Тој додава дека ниската цена на стоматолошките услуги во земјава, надополнети со високата технолошка опременост и стручност на македонските стоматолози, Македонија ја прави доста интересна како дестинација.

ordinacija joleskiСепак според д-р Јолески, за целиот концепт да функционира правило, потребна е поголема организираност.

„Кај нас сеуште не е заживеано и доволно организирано затоа што не може само една ординација да одговори на тие барања кои што ги имаат пациентите, затоа што и квантитетот, ако дојдат многу пациенти не можеме и физички и временски да ги опслужиме. Треба да се организираат повеќе ординации и да биде организиран систем, од доаѓањето на пациентот до неговото заминување да биде добро пречекан и стоматолошката услуга да биде квалитетна, но и целиот престој тука да биде на едно завидно ниво.“-рече Д-р Љубо Јолески-стоматолошки центар „Д-р Јолески“.

stomatoloski centar JoleskiД-р Јолески додава дека често се контактирани и од страна на хотелите на охридската ривиера во насока на стоматолошки интервенции врз туристи. Сепак најчесто пациенти кои доаѓаат од странство се македонски иселеници, но не ретко и нивни пријатели кои добиле препорака да дојдат тука. Според д-р Небојша Баткоски, за концептот на дентален туризам навистина да заживее, потребно е да се овозможат и директни и ефтини летови до Охрид, внимателно бирање на ординациите кои ќе нудат стоматолошки услуги на туристи, но и искористување на можноста за отворање на истурени ординации во земјите од каде се добиваат најголем број на туристи. И д-р Јолески и д-р Баткоски децидни дека денталниот туризам е туризам кој најлесно може да се менаџира и работи, а воедно да претставува и отскочна даска за целокупниот медицински туризам во земјава.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top