Една година нема автобус до Брежани

Брежанци една година немаат линиски превоз. Тие бараат барем еднаш во неделата да се најде превозник кој ќе ги носи до нивните родни огништа. Во ова село од Дебрца живеат околу дваесетина стари лица, а покрај проблемот со превозот како што кажаа брежанци нив не ги посетува ниту доктор.

 |  Николоска Биљана  | 
brezani
брежани

brezaniВеќе една година нема линиски превоз до селото Брежани, кое припаѓа во општина Дебрца. Мештаните велат, жалосно е што во 21 век немаат превоз до родните места каде што имаат куќи, обработуваат ниви а чуваат и по некој сандак со пчели. Тие апелираат до надлежните да го решат проблемот бидејќи станува збор за повозрасна категорија на луѓе кои не се во состојба да застанат зад волан и да појдат до саканата дестинација. Брежанецот Цветко Суклоски вели дека градоначалникот на општина Дебрца треба да се ангажира и да пронајде превозник.

„Бараме како прво да има барем еден ден превоз или понеделник или сабота кога било, понеделник е пазар, некој ќе дојде во општина, на пазар, во аптека, да се прегледа на лекар, бидејќи кај нас нема ништо од тоа“ – вели Суклоски.

brezaniГрадоначалникот на Дебрца Игор Трајкоски кажа дека веќе работат на таа проблематика. Тој убедува дека до крај на месецот ќе заврши постапката околу линискиот превоз до сите населени места во општина Дебрца.

„Веќе имаме почнато постапка за доделување на линиски превоз за сите населени места во општината така да во тоа ќе биде вклучено и Брежани“ – изјави Трајкоски.

Брежанции имаа забелешка и околу цената на возниот билет кој пред една година во еден правец изнесувала 140 денари. Тие сметаат дека таа цена треба да се корегира. Трајкоски по ова прашање со став.

„Незнам колку ќе можиме тоа да го ограничиме од наша страна дали е правно, ако има опција и тоа ќе биде ставено во повикот“ – вели Трајкоски.

Во Брежани како што кажа чичко Цветко не функционира ниту службата рурален доктор. Тој вели дека во соседното село Велмеј старите лица биле посетувани од доктор па бара и брежанци да бидат опфатени со овој проект на министерството за здравство. 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top