Дворот на ОУ „Св Климент Охридски“, пролетно уреден

Охридското комунално претпријатие забрзано работи на уредување зелени катчиња низ градот во пресрет на пролетната сезона. Денеска екипи од јавното претпријатие го уредуваа дворот во Основното улиште „Св. Климент Охридски“. Учениците ветија дека ќе се грижат за одржување на зеленилото.

 |  Николоска Биљана  | 
cveka
цвеќа

komunalecЦвеќина и садниции во дворот на ОУ „Св Климент Охридски“. Хортикултурното уредување во дворот на училиштето кое што го прави ЈП Охридски Комуналец е дел од проектот 40 зелени катчиња, како што нагласи првиот човек на претпријатието Елена Скрческа.

„Тоа е една акција која што сакаме да помогниме во однос на изгледот на нивниот двор на површина и осетот на учениците за нешто убаво  уште од помала возраст. Во училиштето најдовме еден неуреден простор и сакавме истиот да го уредиме, донесовме поголем број на садници, цветни и зимзелени – објаснува Скрческа.

Цветните и зимзелените садници се добредојдени во училишниот двор, вели директорот Јордан Пуроски. Според него ваквите активности се показател дека училиштето има одлична соработка со ЈП.

komunalec„Исто така сме горди што токму нашето училиште е едно од училиштата кое припаѓа за обновување на 40 зелени паркови. Во однос на одржување на садниците и целото зеленило во училиштето ние имаме формирано еко одбор и тим кој е задолжен за нивно одржување“– вели Пуроски.

И кај учениците од ОУ „Св Климент Охридски“, преовладува свеста дека зеленилото треба да се одржува, а со тоа и здравата животна околина.

 „Треба сите повеќе да внимаваме како се однесуваме кон екологијата. Сите треба да внимаваме за изгледот на нашата средина и треба да засадиме што е можно повеќе цвеќа за и воздухот да биде почист“.

Покрај хортикултурното уредување на дворното место, ЈП Охридски Комуналец основното училиште „Св Климент Охридски“, го има во делот од нивната програма, која се однесува на селектирање на отпад. За таа намена во училиштето веќе се донесени 4 садови за селектирање отпад односно одлагање на хартија, лименки, смет и  пластика.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top