Дали годинешната средношколска екскурзија беше поинаква од претходните?

Средношколските екскурзии во Охрид, сеуште жешка тема. Организаторите на годинешната екскурзија на
охридската гимназија во Прага велат дека таа поминала без поголеми проблеми, додека родителите и децата
со поинаков став.

 |  Мишел Наумоски  | 
gimnazija
гимназија

Секоја учебна година средношколските екскурзии се мета на критики имајќи ги предвид случувањата во
изминатите години, со кои јавноста е добро запознаена. Од тепачки, откриени опојни дроги кај ученици,
па се до контроверзните избори на туристичките агенции за спроведување на екскурзиите. За годинешнава
екскурзија,  вршителот на должност директор на гимназијата „Свети Климент Охридски“, Никола Тренески,
вели дека биле направени одредени промени во начинот на кој се спроведуваат истите, а како најважно
било потенцирано- на турата да не присуствуваат надворешни лица, односно лица кои не се ученици на
гимназијата, не се професори од истата или не се дел од персоналот на агенцијата. За информацијата дека
сепак на патувањето имало надворешни лица, в.д директорот Никола Тренески се огради, со тоа што рече
дека за тоа одговара агенцијата.

„Се што не е во наша надлежност, е во надлежност на агенцијата. Ние не сме одговорни. Агенцијата си има одредено задолжение, документи за кое лице во кое својство присуствува.“-рече тој.

Директорот на туристичката агенција, Петко Кутаноски тврди дека на екскурзијата немало надворешни лица
и дека имало токму онолку персонал колку што било наведено во тендерот, односно седум водичи, двајца
доктори, и едно лице за обезбедување. Еве што Кутаноски одговори на информацијата дека учениците имале
водич во само еден од петте градови кои ги посетиле.

„Не е точно. Онака како што е, доколку го земете тендерот во писмена форма, можете да проверите точно како што беше наведено, така и добија локални водичи. Беше наведено прошетка во Будимпешта, добија проештка во Будимпешта, беше наведено прошетка во Виена, добија прошетка во Виена, беше наведено локални водичи во Прага и Карлови Вари, имаше буквално локални водичи за секој автобус, за Прага и Карлови Вари. Тврдам најодговорно дека е така.“-изјави директорот на туристичката агенција „Балкан Нет“, Петко Кутаноски.

USO Sv.Kliment OhridskiВ.Д директорот на гимназијата, Никола Тренески вели дека според тоа како поминала екскурзијата, таа
била една од најдобро организираните досега. Неофицијално дознаваме дека по ова прашање се дискутирало и на наставничкиот совет, а и дека дел од професорите вработени во гимназијата испратиле писмо со поплаки околу екскурзијата до канцеларијата на градоначалникот Бакрачески. Тренески вели дека не бил запознаен.

„Во писмена содржина не знам дали пуштиле, но тоа колку е важно може да проценат и институциите и родителите и сите граѓани, зошто и дали имало револт и незадоволство. Едно можам да кажам дека професорите имаат работна задача да извршат-да бидат со децата. На што се потпира нивното незадоволство, и тоа треба да го кажат за да имаме разбирање или разговор на што тоа се потпира.“

Дополнително, според неофицијалните информации со кои располага ТВМ, екскурзијата до Прага ја следеле и други недостатоци. Меѓу другото, преминувањето на границите било значително отежнато бидејќи немало
конечен список на лица кои се дел од екскурзијата, меѓу кои морало да се најде и лицето кое дополнително се приклучило на турата. И Кутаноски и Тренески излегоа со исти бројки, односно 308 ученици, 13 професори и 10 лица персонал од туристичката агенција.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top