Бесплатна обука за развој на претприемништвото

Во рамките на проектот за Подобрување на претприемништвото во прекуграничната област Лерин-Охрид-Солун, преку воспоставување на нови претпријатија и подобрување на постоечките, планирано е да се спроведе обука за развој на претприемништвото со цел постигнување на економски развој, самовработување и отварање на нови бизниси.

 |   | 

За таа цел, ќе се одржи десетдневна обука која ќе се одржи во период од 15.07.2017 до 30.07.2017 во Охрид. Обуката е наменета за сите невработени лица, како и млади претприемачи и старт ап компании од Југозападниот регион.
Учесниците треба да бидат од следните сектори:

Образование
Граѓански сектор
Приватен сектор
Јавен сектор

Обуката ќе биде реализирана од страна на стручни професори и експерти. Сите заинтересирани своето учество можат да го пријават најдоцна до 12.06.2017 (понеделник).

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top