Млaдите охридски ротаријанци во празнична хуманитарна мисија

За Бадник на градскиот плоштад членови на охридскиот Ротаракт клуб ќе делат сирење и варено вино, а собраните средства од акцијата ќе одат во хуманитарни цели.

 |   | 

За Бадник на градскиот плоштад членови на охридскиот Ротаракт клуб ќе делат сирење и варено вино, а собраните средства од акцијата ќе одат во хуманитарни цели.

Охридските ротаријанци на Бадник во нова хумана мисија. Секогаш присутни кога помошта е најпотребна, малдите членови на Ротаракт клубот од Охрид се надеваат дека собраните средства од акцијата, ќе помогнат во решавање на проблемите на некој од нашите сограѓани.

„Од 12 до 15 часот Ротаракт клубот од Охрид во рамките на своите годишни програмски активности ќе организира хуманитарна акција на која на посетителите ќе им делиме кувано вино и сирење, и сите кои ќе дојдат ќе можат да оставаат некоја симболична сума и после завршувањето на акцијата откако ќе одржиме состанок ќе одлучиме каде се најпотребни средствата“ вели Весна Цветаноска – секретар „Ротаракт Клуб“ Охрид.

Инаку сирењто и виното ќе можат охриѓани гостие да ги земат од штанд кој ќе биде поставен на градскиот плоштад, на кој ќе биде поставена и кутија во која ќе може хуманите граѓани да донираат срества.

„Ова не е прв пат Ротаракт клубот од Охрид од своето формирање во 2011 да учествува и организира авакви хуманитарни акции, тоа е и нашата цел за подобрување на општественото живеење“ објаснува Весна Цветаноска – секретар „Ротаракт Клуб“ Охрид.

Инаку во тек се преговорите за набавка на вино и сирење со неколку претставници од бизнис секторот, информираат од Ротаракт клубот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top