Голф клуб Охрид учествува на 9тиот турнир „Macedonian open“ во Банско


Започна турнирот во голф  „Macedonian open“ на кој помеѓу 100 голфери учествува со свој претставник и Голф клуб Охрид.

 |   | 

Деветтиот турнир во голф  „Macedonian open“ почна денеска и ќе трае до 6 септември на терените на „Пирин голф и катри клуб“ во Банско, Бугарија, во организација на Македонската голф-федерација (МГФ). Право на учество, покрај домашни играчи, имаат и странци што ќе се натпреваруваат во посебна категорија. Помеѓу 100 пријавени голфери свој претставник на турнирот има и Голф клуб Охрид.

Овој турнир е вклучен во официјалниот календар на ЕГА (Европската голф-асоцијација).
– Целта ни е да побудиме интерес за голфот во државата за сите возрасни групи, со акцент на младите генерации и развој на играта на одржлив начин на секое ниво, како и промовирање на играта, овозможување пристап и зголемување на учеството во голфот преку создавање можности за вклучување во играта – велат од Македонската голф-федерација.

Македонската голф-федерација е признаена и активна членка на водечките меѓународни организации како Интернационалната голф-федерација, Европската голф-асоцијација, Кралски/антички олимписки комитет и Македонскиот олимписки комитет. Формирана е да служи како водечко тело за голфот како спорт и да промовира, поддржува, администрира и поттикнува развој на голфот на национално ниво.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top