• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • 50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски

50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски

Охрид, град на врвна адвокатура и имиња од оваа бранша кои ќе се паметат. 50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски. Во портфолиото на ова Адвокатско друштво стојат многу решени случаи во и надвор од државава. Секој од адвокатите си има своја специјалност на која работи, но секогаш се добредојдени советите од колегите.

 |  Јаковлева Лионела  | 

50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски. Традицијата започнала уште во далечната 1967 од страна на нивните родители кои исто така биле адвокати за со тек на време да добива различни форми на организирање на адвокатурата за конечно од пред седум години овие три презимиња да се соединат во едно Адвокатско друштво.

Се носевме подолго време со таа идеја нашите посебни канцеларии да ги интегрираме во едно друштво бидејќи светските трендови се преселија и кај нас и се јави објективна неможност поединец или помала адвокатска семејна канцеларија сметавме дека не може да одговори квалитетно на предизвиците на новото време, вели Игор Кичеец-адвокат.

Денес се повеќе се деградира професијата адвокат. Таа е изложена на многу предизвици кои ги носи транзицијата и недефинираните правни и морални норми. Но со истрајност, посветеност и чесност може да се опстои и да се работи во оваа бранша, вели адвокатот Александар Гоџо.

Клиентите добиваат комплементарна услуга од повеќе адвокати и во таа насока ние би сакале уште повеќе да ги усовршиме работите и да ги подобриме протоколите за работа за да им бидеме подостапни на клиентите практично 24 часа на ден, вели Александар Гоџо-адвокат.

Во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски има повеќе вработени. Најголемиот дел од нив ги носат истите презимиња бидејќи се најмладата генерација адвокати од овие три фамилии. Меѓу вработените има и приправници кои допрва треба да станат адвокати и да го печат занаетот. Носителите на ова друштво велат дека континуитетот на адвокатската дејност продолжува со младите генерации. Тие се тука да ги подучуваат и да ги советуваат, но сами ќе си го трасираат патот по кој ќе одат. Инаку, во портфолиото на ова Адвокатско друштво стојат многу решени случаи во и надвор од државава. Секој од адвокатите си има своја специјалност на која работи, но секогаш се добредојдени советите од колегите. Само на ваков начин успехот е загарантиран, а опстојувањето полесно, велат и Кичеец и Гоџо. Вечерва со пригоден коктел ќе го одбележат 50годишниот јубилеј од континуираната адвокатска работа. Велат дека приказната која започнала пред половина век, продолжува.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top