22 март Светски ден на водите

Денеска светот го одбележува денот на водите.

 |  Маленкова Татјана  | 
ohridsko ezero
охридско езеро

22 март е светскиот ден на водите и секако како подрачје кое гравитира кон вода и зависи од вода, треба да ги има сите аспеки на заштита на водените ресурси  и сите аспекти на нивното правилно управување, вели Дејан Паносвки пеставник од Билатералниот секретаријат.

„Она што за овој ден би сакал да го порачам е дека за да имаме заштитено езеро и заштитени водни ресурси Dejan Panovskiние мора да го тргнеме езерото настрана од дневната политика, мора да ги прилагодиме односите помеѓу дневната политика која мора да биде транспарентана, меѓу менаџерите кои треб ад аимаат точни планови што треба да работат и меѓу оние кои донесуваат одлуки за да донесат правилни одлуки. Без овие три клучни елементи наука, менаџирање и политички одлуки ние нема да можеме комплетно да ја завршиме работата“, истакна Дејан Пановски претставник од билатералниот секретаријат.

Паносвки додава дека добри моменти се што во последнава година донесоле одобрени проекти со финансиери од надвор за заштита на водните ресурси, водните живеалишта и целокупниот резерват и пред се за заштита на дримскиот басен.  Без да го заштитиме Дримскиот басен и да го научиме  правецот како треба да го управуваме нема да може да ги заштитиме и езерата, катагоричен е Паноски.
Инаку Македонија со низа активности по повод светскиот ден на водите,  ќе се најде на светската мапа на земји кои се залагаат за пристап кон чиста вода за сите жители на планетата и нејзина афирмација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top