Marko Boshnjakov

106 години од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков

Marko BoshnjakovОхриѓани го чествуваат споменот кон својот гемиџија.

Марко Бошњаков во својот претсмртен час на неговите другари Павел Шатев и Ѓорѓи Богданов им оставил аманет „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“. Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошњаков така што му ја отсекле главата и ја донеле во неговиот роден град.

судењеМарко Бошњаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на Македонскиот револуционерен комитет во Солун со што, всушност се означи почетокот на македонската револуционерна борба во 1893 година. Се вклучил во движењето на Гемиџиите (Солунските атентатори) издавајќи им ја и својата бакалница во Солун.

Измачуван и тешко заболен од затворските тортури, умира од маларична треска во затворот Музрул во Африка на 27-ми февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците.

Годишнините од смртта на гемиџијата Бошњаков, пред спомен-плочата поставена пред неговата куќа во стариот дел на Охрид, секоја година ги одбележуваат неговите потомци. Денес, ќе се одбележи годишнина од смртта на Марко Божњаков со полагање на цвеќе пред неговата родна куќа.

{loadposition content9}

„марко, богданов, бошњаков, гемиџија, година, град, затворот, им, ја, куќа, музрул, неговата, неговите, Охрид, роден, својот, смртта, Солун, треска, Шатев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top