10 новозаболени и 9 оздравени лица од Ковид-19 во Охрид

Во текот на последните 24 часа се направени 3.791 тестирања, при што се регистрирани 386 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

 |   | 

Во текот на последните 24 часа се направени 3.791 тестирања, при што се регистрирани 386 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 205
• Куманово 25
• Битола 18
• Велес и Штип по 16
• Крива Паланка 15
• Струмица 11
• Охрид 10
• Тетово и Прилеп по 9
• Свети Николе 8
• Кичево, Кочани и Гевгелија по 6
• Валандово 5
• Кавадраци и Радовиш по 4
• Пробиштип и Кратово по 3
• Виница и Македонска Каменица по 2
• Гостивар, Богданци и Демир Хисар по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 8 лица: 5 починати лица од Скопје (63, 68, 71, 78 и 82 години), по едно починато лице од Куманово (84 години), Кавадарци (62 години) и Македонски Брод (53 години). Од пријавените лица седум се починати во болнички услови, а еден е во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 03.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Битола, Куманово и Охрид, на возраст од 34 до 83 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови и 4 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 529 оздравени пациенти од:

• Скопје 313
• Куманово 37
• Штип 22
• Кавадарци 18
• Велес 15
• Битола и Струмица по 13
• Тетово и Прилеп по 12
• Охрид 9
• Кичево, Крива Паланка и Свети Николе по 7
• Кочани 6
• Гевгелија 5
• Радовиш, Неготино, Кратово и Ресен по 4
• Виница, Гостивар, Струга и Дебар по 3
• Крушево 2
• Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.314.953 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.231 бројката на оздравени пациенти е 176.807, на починати е 6.799, а бројот на активни случаи изнесува 10.625. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top