Прегазена жена кај Горенци

СВР Охрид трага по возачот на автомобил марка БМВ, кој во сообраќајната несреќа кај Горенци усмрти жена и избега од местото на настанот. 74 годишната Ќание А. синоќа го загуби животот во тешката сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид – Кичево.

 |  Николоска Биљана  | 

 

СВР Охрид трага по возачот на автомобил БМВ, со кое синоќа на магистралниот пат Охрид-Кичево во сообраќајна несреќа беше усмртена 74 годишна жена од Охрид. Несреќата се случила во 18 часот и 45 минути кај селото Горенци, кога возилото со тетовски регистарски таблички директно удрило во жената и веднаш по тоа го напуштил местото на настанот, не укажувајќи и прва помош.

„Во моментов СВР Охрид превзема интензивни мерки со цел да се најде несовесниот возач и да се најде автомобилот со кој што е извршен ударот кој што бил кобен за 74 годишната жена. Полициски екипи веднаш го направија она што е неопходно во такви случаи, организирани се тимови кои буквално се наоѓаат на цело подрачје на територија на општина Охрид го бараат возачот и автомобилот

Димоски пренесува дека сообраќајната незгода се случила кога возило марка „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки кое се движело по магистралниот пат во правец од Кичево према Охрид, директно удрило во сега починатата која се движела на коловозот во спротивниот правец. На местото на сообраќајната незгода, веднаш по дојавата бил извршен увид во присуство на јавен обвинител, овластен судски вештак и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top