НОВИ КЛУПИ ЗА СЕДЕЊЕ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ
Post Views: 2
Како дел од активностите кои ги презема Општина Охрид за обновување на урбаната опрема, деновиве се врши поставувањето на нови клупи за седење на неколку локации во градот.
Извршена е замена на старите и дотраени клупи во „Холандскиот парк“ и во паркот помеѓу улиците „Даме Груев“ и „Јане Сандански“.
Денеска се вршеше поставување на нови клупи во паркот „Билјанини извори“, а во текот на наредните денови ќе бидат поставени нови клупи за седење на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, во паркот покрај градскиот кеј, во стариот дел на градот и на неколку други јавни...