Post Views: 1
Пропадна и вториот тендер распишан од страна на Општина Охрид за изнаоѓање најдобар изведувач за промена на старите излози. Секторот за поттикнување и развој на туризмот при Министерството за економија пред една година даде иницијатива за промена на некои излози во чаршиите во неколку градови во државава. Од охридскиот сектор за туризам и локален економски развој аплицираа со проект за промена на шест излози. Тој беше прифатен и на општинава и беа доделени 700 000ден. Треба да се менуваат четири излози на улица Климент Охридски и два на улица Илинденска.
Фирмата која...
Post Views: 3
Партиските преговори за медиумските реформи завршија без договор.
Ова го изјави синоќа белгискиот експерт Питер Ванхауте пред Клубот на пратениците каде два дена се одржуваа интензивни преговори.На новинарско прашање кој ја сноси одговрноста за неуспехот на преговорите Ванхауте рече дека сите претставници на политичките партии се подеднакво одговрни.
Утре нема да има преговори за реформите во медиумите, туку се очекува да биде објавена оценката на ЕУ и САД за подготвеноста на замјата за организирање на избори.
Главно копјата вечерва се кршеа околу составот на советот...
Post Views: 5
Пропадна и вториот тендер за избор на оператор кој ќе прска против комарци и глодари на територија на општина Охрид. Во меѓувреме, комарците напаѓаат, а граѓаните ќе го чекаат третиот тендер. Досега на двата јавни повици од општина Охрид , пристигнала само една понуда од охридскиот Центар за јавно здравје. Општината за оваа намена има издвоено над 420.000 денари, а понудата на Центарот за јавно здравје цената на третманот против комарци била удвоена и изнесувала 937.000 денари, информира Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид.
„Не знам како да ја опишам оваа појава...
Post Views: 1
Пропадна и вториот тендер за изградба на градски пазар. Иако локалната самоуправа по неуспешниот прв тендер со амин од градските советници ја повтори постапката за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за изградба на градски пазар со многу поприфатливи услови за инвеститорите и овај тендер пропадна. Очигледно никој не е заинтересиран да влезе во јавно приватно партнерство со општината. Се наметнува прашањето дали причина за тоа е финансиската состојба во која се наоѓа Општина Охрид или инвеститорите немат бенефит од изградбата на градскиот пазар....
Post Views: 1
Неуспешен е тендерот за избор на оператор кој хемиски ќе прска против комарци и глодари на територија на општина Охрид. На јавниот повик објавен на 26 мај за дезинсекција и деритизација во општина Охрид , денес пристигнала само една понуда од Центарот за јавно здравје. Општината за оваа намена издвоила над 420.000 денари, а во понудата од Центарот за јавно здравје цената била 20 посто повисока и изнесувала 937.000 денари, информира Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид.
„Во ова сума се вклучени според она што ние го бараме во спецификацијата три терестријални запрашувања...
Post Views: 6
Граѓаните велат ова е уште едно празно ветување на актуелниот градоначалник.
Современата „Бизнис Зона“ само празно ветување. Идеата стара 3 години која градоначалиникот Рамиз Мерко постојано ја промовираше во јавноста остана не реализирана. Со проектот се предвидуваше десната страна на кејот на Дрим да биде уредена на современ начин, со средени паркови, осветлени улици и трендовски клупи за седење.Тогаш граѓаните ја прифатија идеата и се согласија да го подржат проектот, но денес речиси и да не се сеќаваат на овие како што велат празни и лажни ветувања на градоначалникот....
Post Views: 3
На раскрсницата, кај Булевар Туристичка и Јане Сандански во близина на Мини Маркетот, пропадна асфалтот и се појави огромна дупка. За среќа, избегната е несреќа од големи размери. Екипи од Секторот за патишта и комунален развој при локалната самоуправа од рано утрово работат на санирање на оштетениот коловоз. Местото го посети Градоначалникот Александар Петрески со стручни лица од локалната. Криминалниот и нестручно изведен проект за поставување на атмосферска канализација во 2002 година е причина за големото оштетување, обвини Петрески.
„ Криминалот е што работата...
Post Views: 0
Пропадна барањето на СОУ „Ванчо Питошески“ во рамките на нивното училиште да се отвори паралелка за дизајн на керамика. Министерството за образование и наука не даде зелено светло во Охрид да се едуцира ваков профил кој би значел развивање на занатчиството и збогатување на сувенирската понуда во градот. Оваа можност беше големо очекување на директорот на „Ванчо Питошески“, Секула Баткоски дека ќе се збогати понудата на училиштето за едукација на нови стручни профили.
Барањето на училиштето доби поддршка и од Регионалната занетчиска комора. Претседателот на занатечиите,...
Post Views: 6
Инцидент на улицата Железничка. При градежните зафати, камион од градежната фирма „Илинден“ која ги изведува активностите претпладнево се преврти во дупка во патот во која во тој момент имало работник. За среќа избегнат е посериозен инцидент и повредени нема.
Жителите од оваа улица раскажуваат дека до инцидентот дошло кога врз работникот кој работел во еден од ископите се превртел камион и паднал директно врз него. Работникот се здобил само со лесни повреди благодарение на брзата интервенција на жителите кои веднаш реагирале и го извлекле од ископот во кој работел.Жителите...