Post Views: 4
Поради зголемениот интерес, останаа уште две проекции на филмот „Дедо и Внук” кои ќе бидат прикажани во н.у “Григор Прличев” –Охрид со почеток во 20ч и тоа на 12-ти и 13-ти февруари. Цена на билет 100 денари Телефон за резервации 046/261-063.
Режисер на филмот е Илија Пиперкоски, продуцент е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, а монтажата ја направи Данчо Стефков.
Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и Наум Цветкоски.
Post Views: 10
Во пресрет на премиерата на филмот „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски, а поради преголемата заинтересираност за билети, донесена е одлука да се одржи и втора проекција на филмот.
Истиот ќе се прикаже по втор пат во вечерниот термин од 22:00 часот, а сите заинтересирани ќе можат да купат билети на билетарата во Центарот на Култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Премиерата на новиот филм „Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски ќе се одржи на 6-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.Филмот започна да се снима кон средината на април...
Post Views: 1
Здружението за екологија и туризам „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид организира бесплатни проекции на едукативно-документарниот филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“.
Ги покануваме сите граѓани и гости на 13-минутно визуелно уживање и незаборавна прошетка низ природата од недопрените предели на блатото. Настанот е во соработка со ТЗЦ „КАМ Вилиџ“, во чии простории ќе се одржуваат проекциите. Филмот има цел да им го открие на охриѓани одблиску Белчишкото Блато (Сини Вирој), за кое започнува процедурата за прогласување за заштитено подрачје на овој важен екосистем во охридскиот...
Post Views: 6
Охридската филмска академија отворена за граѓаните. Секој четврток со почеток од 20 часот тие организираат бесплатни филмски проекции од богатата дигитална датотека на филмови кои ги поседуваат. Со ова, охриѓани ќе можат да погледнат некои од најдобрите холивудски класици, блокбастери, оскаровци, европски, уметнички, како и кратки па и студентски филмови сосема бесплатно.
„Се набави еден одличен можеби и најдобар филмски проектор во Македонија досега што сме го имале со 4К излез, и се набави платно кое е некаде 6 на 9 метри долго кое е монтирано на ѕид и кое се спушта...
Post Views: 3
Од пролеттва повторно ќе има кино проекции во Центарот за култура „Григор Прличев“. После пауза од повеќе од една година, љубителите на седмата уметност повторно ќе можат да уживаат гледајќи филмови на големото платно. Проблемот што толку долго време Охрид остана без кино проекции е од техничка природа. Новиот директор, Горан Симоновски вели дека проблемот со дефектот на прожекторот и некои други пропратни елементи набрзо ќе биде надминат.
Сме во преговори со Агенцијата за филм од Скопје пошто прожекторот е во нивно владение и во договорот стои дека тие треба да го одржуваат...
Post Views: 1
Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе организира прва дигитална 3D филмска проекција.
Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3D и 2D филмски остварувања.
За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни BARCO 2K дигитални проектори со сервери и DEPTH Q 3D модулатори со 3D очила, како и DOLBY CP 750 аудио процесор со JBL звучници.
Цената на влезниците ќе изнесува 150 денари за 2D проекции и 200 денари за 3D проекции!-“Зошто...