Post Views: 6
Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, денес 12.05.14 ги извршува следните активности на терен:
Нивелирање на шахта на ул. Партизанска кај факултетот за ТуризамПоплочување на дел од улици во с. Пештани.Санирање на дел од улица кај кружниот тек бензиска пумпа Лук Оил поради дефект на водоводната мрежа.Бележење на простор за поставување на урбана опрема на потегот од Горна Порта до Плаошник.Дислоцирање на Билборди по бул Туристичка.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, изведува обележување на јавните површини за поставување на урбана опрема. Исто така од јавното претпријатие вршат и обележување на просторот за потребите на Гимназијадата Охрид -2014.
Во склоп на нивните тековни активности се пристапува и кон чистење на сливниците по улица Димитар Влахов, а се оформува и простор во с. Рача по санирање на дефект на водоводна мрежа.
{loadposition content9}
Post Views: 30
Екипите од РЕ „Канализација“ при ЈП „Нискоградба“ на терен вршат чистење на канализационата мрежа на повик на корисниците кои редовно си ги плаќаат обврските према јавното претпријатие.
Исто така на улицата „15-ти Корпус“ се изработува шахта на која корисниците се поврзуваат во системот за одведување отпадни води како и во с. Пештани се поплочуваат улици со бекатон плочки.
Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, извршува градежни активности во с.Велгошти, кај црквата Св.Климент се врши поплочување со бекатон плочки.
{loadposition content9}
Post Views: 24
Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, извршува градежни активности во с.Велгошти.
Активностите се одвиваат кај црквата „Св.Климент“, каде се врши подготовка на патот за поплочување со бекатон плочки.
Исто така екипите на јавното претпријатие од Р.Е. канализација на терен вршат проверка на пумпните станици кај Канео, св. Софија и на кај Малиот Плоштад.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Во Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Зраци“ своето време го минуваат околу дваесетина деца и млади со интелектуална порпреченост од градов. Центарот се наоѓа во подрумските простории на основното училиште „Братство – Единство“ и веќе извесен период и штитениците и вработените од центарот се соочуваат еден инфраструктурен проблем поврзан со нормалното одвивање на нивните секојдневни активности.
„Иако центарот располага со функицонална кујна, сепак подолг временски период стои потребата да биде инсталирана пумпа која ќе ги спроведува ...
Post Views: 1
ЈП „Билјанини извори“ -Охрид по повог големиот христијански празник Велигден донесе одлука, на 20- ти април, недела, користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници.
Од јавното претпријатие објаснуваат дека ваквата нивна одлука е обид ова јавно претпријатие да се вклучи во чествувањето на големиот христијански празник и се надеваат дека ќе биде поздравена и од гостите и од охриѓани.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Денес во периодот од 8-18 часот охридската улица „Коста Абраш“ ќе биде затворена за сообраќај.
Заради изведување градежни активности –реконструкција на дел од ул.Коста Абраш ќе биде оневозможено движењето на возила во периодот од 8-18 часот, информираат од Јавното Претпријатие „Нискоградба“.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Капетанијата на пристаништа на Република Македонија со седиште во Охрид и јавното претпријатие „Нискоградба“ деновиве имаат полни раце работа. Го санираат свлечиштето на јужниот пристапен дел од пристаништето во Свети Наум што се појави под самите бекатон плочки.
Причина за тоа е забот на времето, вели капетанот Горан Устијаноски. На санацијата работи јавното претпријатие „Нискоградба“ кое има стручно оспособена работна сила за вршење на вакви работи, а Министерството за транспорт и врски ги обезбеди материјалите. Се очекува овој зафат да заврши до крајот на седмицава,...
Post Views: 0
Ова јавно претпријатие согласно правилникот за работа во периодов кој претстои ќе изврши виденција на гробните места од 2011-та година.
За таа цел Јавното претпријатие „ Градски гробишта“ ги повикува граѓаните кои во периодот од 01.01.2011 година, па досега, купиле, односно се стекнале со употреба на гробно место, да појдат во административните простории на јавното претпријатие и да ги понесат документите заради дополнување на компјутерската евиденција.
Подетални информации, граѓаните можат да добијат на телефон 046/ 267 268.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Новото раководство на Јавното претпријатие „Градски пазар“ најави дека за скоро време ќе се објави тендерот за јавно-приватно партнерство за изградба на долгоочекуваниот нов, модерен, затворен пазар во градов. Директорот на јавното претпријатие, Тони Коталески, информира дека е веќе разрешена и ситуацијата со нерешените имотно-правни односи на земјиштето на кое ќе се гради пазарот, и дека веќе испратиле барање до Владата на Република Македонија за добивање на право на користење на тоа градежно земјиште.
„Потребната планска документација за изградба на пазарот е веќе...
Post Views: 16
Директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, даде отчет за сработеното во изминатата година. Тој уште еднаш ја потенцираше тешката финансиска состојба во која го затекнал ова јавно претпријатие, како и финансиските неправилности кои според Симоноски довеле до таквата ситуација во претпријатието.
„Заради намалување на негативните ефекти од ваквото работење бевме принудени да воведиме сериозни реформи, како од аспект на кадровски и структурни прераспределби, така и од аспект на начинот на кој се извршувале работните активности. Изработени се...
Post Views: 0
ЈП „Охридски Комуналец“ ќе ја обновува застарената механизација. Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека најверојатно тоа ќе се реализира со средства од кредит на Светска банка. Од ЈП веќе ја изготвуваат листата на приоритетни возила кои треба да се набават.
Ќе се обновува возниот парк на ЈП „Охридски Комуналец“. Старите дотраени камиони за подигање на смет постојано се расипуваат па од таму потребата за набавка на нови. Како што изјави градоначалникот Никола Бакрачески, Локалната самоуправа при крај е со изготвување на документацијата за апликација до Светска...