Post Views: 2
Општина Струга го слуша гласот на своите граѓани истакна првиот човек на градот Рамиз Мерко. Денес во хотел Дрим Струга беше презентиран концептот на граѓанскиот буџетски форум, кој се одржува трета година по ред во организација на Центарот на заедницата на општина Струга. Мерко во оваа пригода истакна дека како општина сакаат да бидат транспарентни и отворени пред граѓаните што всушност на граѓаните тоа им било и ветено во изборната кампања.
„Тоа и го правиме да ги слушнеме граѓаните за нивните потреби односно за нашите мислења за развојот на градот поточно за инвестициите...
Post Views: 1
Охриѓани вчера уште еднаш ја покажаа и ја потврдија својата одлучност за подобра иднина на нашиот град, вели во своето обраќање до охриѓани кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески.
Имавме исклучително мирни, фер и демократски избори, на кои јасно беше изразена волјата на граѓаните. Големата предност која ја имаме, од над 2400 гласови, е сигурен сигнал дека само заедно можеме и мораме да продолжиме напред, порачува Георгиески. Тој изразува благодарност кон граѓаните за укажаната доверба и поддршката што ја добил тој и Социјалдемократскиот сојуз...
Post Views: 1
70 основни училишта со околу 750 ученици од југозападниот регион на Македонија си ги одмерија силите, машките во кошарка, а девојките во одбојка. Годинава по петти пат се одржа спортскиот турнир „Јахја Кемал 2014“. Коста Хиохи професор по фискултура нагласи дека турнирот бил поделен на етапи, за да се одберат најдобрите.
„Секоја година сме побројни, годинава можеме да се пофалиме со навистина квалитетен турнир, видовме дека децата покажаа огромно познавање во спортската игра машките во кошарка девојките во одбојка, покажаа еден голем фер плеј што навистина е да кажам...
Post Views: 0
Хотелско угостителскиот еснаф од Охрид покажа големо срце приклучувајќи се на акцијата за давање бесплатното сместување на лица со посебни потреби и семејства од социјално ранливата категорија. Првите чекори за една ваква хумана мисија ги направија нашите сограѓанки Лидија Ќосесака и Јованка Климоска уште минатата година, а годинава поттикнати од нивниот пример зголемен бил бројот на хотелиери кои понудиле бесплатен одмор за оваа категорија граѓани, вели Христина Јосимоска претседателот на Здружението граѓани, лица со хендикеп „Илинден“.
„Целта ни е да се поврземе и...
Post Views: 1
Охридските деници уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Членките на женскиот лајанс клуб Деница денес на грдскиот плоштад продаваа велигденски јајца украсени од нив самите и готвачот со рецепти „Готвиете Деници“ кој неодамна го промовираа по повод 5тиот роденден.
Имајќи во предвид дека во клубот членуваат успешни жени, сопруги, домакинки и професионалци во она што го работат сакавме за нашето петгодишно постоење да оставиме еден убав белег и со таа цел го создадовме куварот „Гответе со Деници“ кој првично беше промовиран на традиционалниот бал под маски кој се одржа...
Post Views: 2
Децата од основното училиште „Григор Прличев“ ја покажаа својата хумана страна. Со продажба на свои ракотворби и цртежи тие собираа пари кои ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Ваквите акции ја развиваат нивната свест и желбата некому да се помогне. Нивната креативност и имагинација навистина воодушевуваат. Овој денешен хуманитарен велигденски хепенинг има и забавен карактер. Посетителите на штандот кој се наоѓа во просториите на маркетот Кам на ул. 7 Ноември ќе можат да уживаат во убавата предвелигденска атмосфера. На крајот има и еден симболичен натпревар во кршење...
Post Views: 0
Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски.
Покрај нашите редовни крводарители има и неколку кои се од други градови, а кои престојуваат во нашиов град. Тоа посебно не радува бидејќи е показател дека хуманоста се носи секаде со себе и може да се покаже и на друго место не само во градот во кој живееш, вели Васко Ѓоргиески, волонтер во Клуб 25 и ЦК Охрид.
На...
Post Views: 0
Христијан Димовски студент на втора година на охридскиот Факултет за туризам и угостителство е крводарител. Димовски раскажува дека крводарител станал во средно училиште по неговото полнолетство. Денес, по 16 пат, тој се вклучува во уште една крводарителна акција. Младиот хуман oхриѓанец, кој воедно е и спортист, не го крие задолството и нагласува дека е среќен од чувството дека со неговата крв може да спаси нечиј живот и да помогне.
„ Тие се поврзани , спортот и хуманоста, сега се вративме од туризмијада освоивме 3 место во кошарка. Им препорачувам на сите да даруваат...
Post Views: 0
Драгоцента течност за некој доаѓа во вистински момент. Струшките социјалдемократи пред престојните новогодишни и Божиќни празници организирано даруваа крв. Болничките легла во собраниската сала во Струга, беа премалку за сите заинтерсирани крводарители кои упорно чекаа ред за да даруваат крв. Одзивот на граѓаните уште на стартот на акцијата е на задоволително ниво, рече Александар Попоски претседателот на СДСМ Струга.Големината и значењето на гестот на дарување крв најдобро ја познаваат докторите. Тие сметаат дека никогаш не е доста од шишиња на крвни единици, бидејќи...
Post Views: 3
Дали ја накитивте елката? Ако не сте го направиле тоа, направете го веднаш! Истражувањата покажаа дека гледањето во елката релаксира.
Од накитената елка ќе имате корист во повеќе погледи. Таа ќе придонесе свечена празнична атмосфера во вашиот дом, но и опуштање по напорниот и стресен ден, какви и воглавно се деновите пред Нова година.
Научниците од Универзитетот во Есекс спроведоа истражување кое покажало дека само 5 минути се доволни да гледате во зелените гранки на елката и да се почувствувате многу подобро. Зелената боја позитивно влијае на нашето здравје, но и на...
Post Views: 0
СДСМ – Охрид со денешното соопштение испратено до медиумите, покажа дека тие се партија која може да ја менува својата форма но не и содржината ако се земе во предвид фактот дека со намерата да ги оцрнат работните надлежности на Секретарот на општина Охрид, покажаа и докажаа дека тие никогаш нема да се грижат за доброто на Охрид и охриѓани.
Како и секогаш почитуваните од СДСМ- Охрид, бледо ќе гледаат во суштинските општествени проблеми а нивната функција нема да им дозволува да направат ни еден чекор за подобар Охрид.
Со вообичаено плитки или непроверени...
Post Views: 0
Две победнички на општинскиот натпревар за млади библиотекари кој деновиве се одржа во НУ – Библиотека “Григор Прличев” – Охрид. Традиционално и годинава организатор е Библиотекарското здружение на Македонија. Директорката Александра Белеска задоволна е од знаењето кое го покажале учениците, членови на библиотеките од Основните училишта на општина Охрид и општина Дебрца. Таа ги обелодени имињата на победниците од натпреварот и ги покани сите 17 учесници заедно со професорите утре, 15ти октомври, во просториите на библиотеката во 12 часот да...