Post Views: 8
Повозрасните членови кои го избрале вториот пензиски столб имаат рок до 30 септември да дадат согласност дали остануваат или го раскинуваат членството. Ова следи по измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Доколку не се изјаснат во предвидениот рок од 1 октомври 2019 година друштвото ќе ја затвори нивната индивидуална сметка и ќе го пренесе вкупниот износ на средствата во Фондот на ПИОМ.Членот ќе остане осигуреник во Фондот на ПИОМ. Од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информираат дека...
Post Views: 5
Со пензиската реформа се стабилизира системот и постигната е заштеда од околу 4 милијарди денари во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. За прв пат се исплатија пензии без да има позајмица, штопокажува дека пензискиот систем полека почнува да станува самоодржлив. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика во Охрид на средбата на директорите од пензиските фондови и заводи од поранешна Југославија.
Просечната пензија во државава порасна од 13.754 денари во декември 2016 на 14.580 денари во март годинава. Пензиите редовно се исплаќаат и продолжуваат...
Post Views: 0
Од Фондот за ПИОМ во Скопје и после десет дена од барањето одговор за поставувањето на двојазични табли во ПЕ на Фондот во Охрид, без никакво објаснување. Лицето за односки со јавност Анифе Метај кое ни беше посочено како стручно лице кое може да ни одговори на прашањата во врска со поставените табли на македонски и албански јазик пред канцелариите на оваа институција во Охрид, првично уште на 15 октомври ни вети одговор. После низа незуспешни обидида стапиме во било каков контакт со службите на Фондот, денеска Метај не информира дека нашите прашања се испратени до...
Post Views: 7
И после два дена од нашето барање до ПИОМ во Скопје, во интерес на охридската јавност да добиеме одговор, дали поставувањето на двојазични табли е во согласност со Законот за употреба на јазици и врз основа на која одлука истите се поставени, од таму без одговор.
Иако од страна на лицето за односи со јавност со кое што првично контактиравме ни беше кажано дека ги добиле нашите прашања и истите ги проследиле до правните служби и дека одговорот ќе го добиеме уредно во најкраток можен рок, ништо од тоа.
Без став за двојазичните табли останавме и од Локалната самоуправа...
Post Views: 34
Охриѓани збунети и затечени од новите двојазнични табли кои деновиве осамнаа пред вратите од ПЕ на ПИОМ во Охрид. На таблите на македонски и на албански јазик стои називот на канцеларијата и имињата на вработените во неа. Граѓните поради лични причини сакаа да останат анонимни, а до нашата редакција пратија слики и прашуваат како може во општина Охрид да бидат поставени такви табли кога во Законот за употреба на јазици кажано е дека овој закон се применува онаму каде што најмалку 20% од граѓаните во РМ и во Единиците на Локалната Самоуправа го зборуваат овој јазик....
Post Views: 4
Само дваесетина пријавени граѓани за средбата со претставниците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Заинтересираните граѓани, оние кои имаат реални проблеми поврзани со Фондот, имаа рок до 18ти овој месец да ги достават своите прашања со што Фондот би добил време да го разгледа нивниот проблем.
Или Охриѓани немаат никакви проблеми околу своите пензиски права или се слабо информирани или пак се незаинтересирани. Од оние присутните, најмногу прашања имаше околу непризнаените години работен стаж и неостварените права од странски пензии.
„Бидејќи се ова регионални...