Ознака: општина

опстина

Адвокатскиот тим на Општина Охрид подготвува тужби за Охрид SOS

Post Views: 0 Локалната самоуправа со соопштение реагираше на јавно изнесените ставови на еколошкото движење, нарекувајќи го „правно непозната и наводна невладина организација“. Охрид СОС вчера преку соопштение до јавноста ја обвини општината дека го протуркала проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“ замаскиран како поставување урбана опрема, со што се избегнува јавноста во процесот, како и за прекршување на голем број закони, за што најави дека ќе бидат алармирани домашни и меѓународни институции и организации. Според општината, пак, таквите обвинувања се лажни и сензационалистички,...

Continue reading

Општина Охрид по четврти пат ќе го покрие долгот што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија

Post Views: 0 Општина Охрид ќе го покрие долгот во висина од околу 300 000 ден. што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија. Ова беше одлучено на денешната седница на Совет. Градските избраници по четврти пат носат ваква одлука откога пред три години ЕВН му ја исклучи струјата на ова училиште поради неплатен долг. Причина за тоа е блокираната сметка на школото поради спорот кој веќе години наназад го води со физички лица кои се сопственици на дел од дворот на училиштето. Уште при носењето на првата одлука од страна на градоначалникот беше ветено  дека проблемот со блокираната...

Continue reading

sportska sala

Пет нови спортски сали

Post Views: 26 Во пет струшки населени места ќе се градат спортски сали. Приоритет ќе се даде на изградба на спортска сала во струшкото село Лабуништа, каде што веќе првиот човек на општина Струга, градоначалникот Рамиз Мерко и претставници на фирмата изведувач „Гранит“ од Скопје, имаат направено надзор. Развојот на спортот е од огромно значење, смета градоначалникот Мерко. Тој додаде дека спортските терени ќе се прават во модерен стил каде ќе има за секој по нешто и за локалната и за централната а најмогу за мештаните. Мерко признава дека неколку спортски објекти се срам за градот...

Continue reading

protest

Мирен протест на ученици од Подгорци

Post Views: 5 Протест на учениците од Подгорци. Тие денес пред Основниот суд во Струга се собраа за да ги подржат своите родители. Како ште е познато Државниот просветен инспкторат против 11 родители поднел прекршочна изјава за непочитување на одлуката на Министерството за образование, со која се оспорува правото за учење на албански јазик, која пак одлука Советот на општина Струга ја усвои. Денешниот претрес за овој случај се одложи. Бранителот на родителите на децата Аргент Демири, појасни дека тоа е поради многуте нејаснотии во прекршочната пријава на просветниот инспекторат и...

Continue reading

СВИКАНА ШЕЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 4 Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ шеесет и првата седница на Советот на општина Охрид на ден 22.07.2021 година (четврток) со почеток во 11:00 часот. Седницата ќе се одржи во големата сала во зградата на Општина Охрид. За седницата го предлагам следниот:        ...

Continue reading

sednica

Седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 3 На дневен ред на 47-то издание на седницата на советот ќе се најде Предлог Одлука за усвојување на Развојната Програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Oхрид за 2016 – 2018 година, како и Програмата за поддршка на локалниот економски развој, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Oхрид, за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија за наредната 2016 година. Советниците ќе ги усвојуваат активностите на општина Охрид во областа на образование, детска заштита , спорт и рекреација,...

Continue reading

Општина Дебрца: Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода–град

Post Views: 6 Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината во деновите: 09 и 10 Јули 2021 година да ја пријават штетата на своите култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца. Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца. Покрај барањето секој барател треба да достави: копие од лична карта со изјава...

Continue reading

Избран најстариот жител во општина Охрид и Дебрца и брачниот пар со најдолг брачен стаж

Post Views: 1 Избран најстариот жител во општина Охрид и Дебрца и брачниот пар со со најдолг брачен стаж. Заврши конкурсот кој охридскиот Црвен крст го распиша на почетокот на ноември, а беше дел од одбележувањето на Неделата посветена на старите лица. На конкурсот се пријавиле пет кандидати за најстар жител и пет за брачен пар кој најмногу години е во брак. Најстар жител е 96 годишен охриѓанец чие име денес не беше обелоденето бидејќи тоа ќе биде направено на утрешната манифестација која ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“. Брачниот пар кој победи на овој конкурс...

Continue reading

sednica

Свикана 48-та седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 6 Советниците треба да ја изгласаат предлог одлуката за  утврдување Нацрт фискална стратегија и развојни програми на општина Охрид за 2016 година. Освен за оваа точка, градските избраници треба да расправаат и за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од обилни врнежи од дожд со поплави настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 10.10.2015 година. На дневен ред уште на ова издание на седницата на советот треба да се најдат и Предлог Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комуналните услуги, како и Предлог Одлуката за донесување...

Continue reading

ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР СИЛВЕСТРИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 2 Градоначалникот Константин Георгиески, денеска оствари средба со амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри. Градоначалникот Георгиески упати искрени честитки до амбасадорот Силвестри за спортскиот успех на Италјанската фудбалска репрезентација и освоената европска титула на Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020. Во рамки на средбата, амбасадорот Силвестри искажа силна поддршка и ги поздрави заложбите на Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и владеењето на правото. Истакна...

Continue reading

sednica na Sovet

Струга ли е, Скопје ли е?

Post Views: 0 Спора и задоцнета реакција на струшката општинска администрација. На последната седница на советот на општината, струшките советници наместо да гласаат за донесување на некои од ставките на предлог на буџетот на  општина Струга, всушност гласале за истите тие ставки, но за град Скопје. Претседателот на советот на Општина Струга, Џеваир Беќири вели дека не станува збор за некој голем пропуст. Беќири додава дека за грешката им било укажано од Секторот за финансии и дека станува збор за техничка грешка, па како таква и ја прифатиле. Претседателот потенцира дека речиси...

Continue reading

хотел Дрим

Бериќетен период за струшките хотелиери

Post Views: 7 Настапува плоден период за хотелиерите во Струга. Ручек под отворено небо на 1 јануари, пред хотелската плажа, е дел од понудата за новогодишните празници на хотелот „Дрим. Менаџерот по продажба Билјана Тодороска рече, дека денес, не постои недопрена точка во економијата од глобалната економска криза, вклучувајќи го тука и хотелиерството и угостителството. Таа додава дека и покрај тоа луѓето чуствуваат потреба за одбележување на празници за што и одвојуваат средства преку годината.Голем предизвик е да се обезбеди поле за работа во хотелиерството во Струга, вели генералниот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top