Ознака: нови

Нови терористички напади во Лондон

Post Views: 7 Британската полиција извести дека во недела рано наутро се убиени тројцата напаѓачи кои во саботата доцна навечер извршија напад во близина на Лондон бриџ во кој се убиени шестмина а ранети се најмалку 48 лица. Меѓу тешко повредените се наоѓа и еден полицаец. Тројцата вооружени напаѓачи се убиени на Бороу маркетот. Тие носеле со себе елеци со експолизив што подоцна се покажеле дека биле лажни. Британската полиција извести дека во пет лондонски болници превезла повеќе од 30 луѓе, а големиот број пациенти со помали повреди се згрижени на местото на настанот. Полицијата...

Continue reading

Играниот филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски со нови три награди

Post Views: 10 Охридскиот режисер Илија Пиперкоски доби две нови признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) за неговиот најнов филм „Дедо и внук“ од 4-th Dimension Independent Film Festival и на TIFF – Tagore International Film Festival во категоријата за најдобри наративни играни филмови. „Ваквите приказни го прават светот поубаво место за живеење“, потенцираат од 4-th Dimension Independent Film Festival. Наградата доаѓа во време кога со премиерата на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ 2020 во Приштина, и официјално...

Continue reading

НОВИ ТОАЛЕТИ ДОБИ ОУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Post Views: 5 Со финансиска поддршка на Општина Охрид се реновираа санитарните јазли во новата зграда од ОУ „Григор Прличев“ каде предметна настава следат ученици од шесто до деветто одделение. Училишните тоалети се молерисуваа, поставени се нови плочки, ВЦ школки и акцесоари. Во зградата во тек е промена на дограмата на приземјето , а нови прозорци веќе се поставени на првиот кат. Изминатиов период беа молерисани училниците и останатите простории во старата училишна зграда.

Continue reading

logo

Стартуваат новите рецепти

Post Views: 2 Во сите аптеки од денеска наместо белите рецепти за лековите што се на товар на државата, ќе важат нови, во розова и во зелена боја. Розовите рецепти се наменети за антибиотици и за други препарати за акутни болести, како и за лекови за хронично болните. На зелените рецепти ќе се препишуваат лекови што содржат опојни дроги, како што се фенобарбитон, морфиум, метадон. Со рецептите во боја ќе стартува и долгонајавуваниот рецепт за хроничните пациенти, кој исто така ќе биде розов. Предвиден е преоден период за важноста на старите бели рецепти додека не се потрошат залихите. Новите...

Continue reading

НОВИ ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 1 Кризниот штаб на Општина Охрид одржа состанок на кој зедоа учество сите постојани членови како и раководителите на дел од секторите во општинската администрација. На состанокот беа донесени следните заклучоци: Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 410 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. Во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 94 пациенти од кои 24 пациенти се на кислородна поддршка. Поради зголемениот прилив на заразени на кои им е потребен болнички третаман веќе е направена реорганизација...

Continue reading

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид

Post Views: 0 Ова среда ви претставуваме осум нови наслови кои уште од денеска ќе можат да се позајмат во Библиотеката. Се работи за дела од домашни и странски автори кои имаат интересен, впечатлив и привлечен раскажувачки стил. Прва на листата е книгата „Каде е Елизабет?“од Ема Хили која во светски познатиот Sunday Times е најавена како  бестселер од авторката и добитник на наградата Costa  за 2014 г. Во денешната понуда се и книгите:  „Марсовецот“ од Енди Вир, „Паралел“ од Верица Ацеска, биографијата на Фрнац Кафка од Макс Брод, „Јапонски бајки“ – Јеи Теодора Озаки, „Елеганцијата...

Continue reading

Уште осум нови книги чекаат читатели

Post Views: 4 Од богатата годишна продукција на македонските издавачи НУ Библиотека „Григор Прличев“ оваа недела ви ги препорачува книгите: „Тркачот“ од Стивен Кинг, „Седум години подоцна“ и „Врати ми се“ обете од Гијом Мисо, „Тајната колиба на плажата“ од Сра Џио, „Без излез“ од Тејлор Адамс, втората книга од „Првородениот“ од авторот Кристофер Паолини, „Изгубените девојки во Париз“ Пам Џеноф и за љубителите на историските теми, книгата „Петнаесет одлучувачки светски битки – од Маратон до Ватерло“ од Сер Едврард Криси. Издавачи на книгите се: Магор, Сакам книги, Топер и Литература...

Continue reading

Донев: Градоначалникот Георгиески да ја повлече точката за нови вработувања во Водовод – Охрид

Post Views: 1 Од ВМРО ДПМНЕ бараат од градоначалникот Константин Георгиески да ја повлече точката за нови вработувања во ЈП „Водовод“ Охрид која е на дневен ред на Седница на совет закажана за во понеделник, 9 ноември. 18те нови вработувања според претседателот на ОК на партијата, Сашо Донев не се оправдани. „Во услови на КОВИД-19 пандемија кога жителите на улица „Абас Емин“ секојдневно се соочуваат со недостиг на вода за пиење и вода за лична хигиена, приоритет на директорот на ЈП „Водовод“ се нови 18 вработувања. Иако има над 250 вработени, Директорот на ЈП „Водовод“ баш сега...

Continue reading

Ердоган со нови закани до Европа

Post Views: 1 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска предупреди дека Европјаните во светот нема да можат безбедно да се движат по улица, доколку не се промени ставот кон Турција и ја повика Европа да ги почитува правата и демократијата, објави Ројтерс. “Доколку Европа продолжи вака, ниту еден Европјанин во кој било дел од светот нема да може безбедно да се движи по улица. Ние како Турција ја повикуваме Европа да ги почитува човековите права и демократијата”, рече Ердоган во изјава за локалните медиуми во Анкара. Претходните недели турскиот претседател води жестока...

Continue reading

Нови плочки на долниот дел од кејот на Црн Дрим

Post Views: 5   Во Струга се гради. После реконструкцијата на едната страна од кејот на реката Црн Дрим, Локалната самоуправа продолжува со градежни зафати. Во моментов, долниот дел од кејот на реката Црн Дрим од двете страни е раскопан и се очекува да почне поставувањето на нови плочки. Стружани велат дека општина Струга со овие зафати покажува дека е одговорна Локална самоуправа која се грижи за изгледот на градот и потребите на граѓаните. „Супер е …добро е тоа што се гради.  Добро е …но споменици не ни требаат, потребна е работа за младите..убо е што се реновира но...

Continue reading

Регулаторната комисија за енергетика со нови цени на горивата

Post Views: 2 Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ поскапува за 0,50 денари по литар, а цените на  ЕУРОСУПЕР БС-98 и на дизел горивата остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61,00 денар. ЕУРОСУПЕР БС-98 и натаму ќе се продава за 62,50, ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) за 47,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 35,50 денари за литар. За 0,506 денари поевтинува мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 23,681 денари.

Continue reading

Охрид утрово со четири нови земјотреси

Post Views: 5 Изминатата ноќ повторно помина со повеќе земјотреси кои се почуствуваа во Охрид и околината поради што граѓаните останаа без сон. Последниот потрес е регистриран пред околу три часа, со jачина од 2,6 степени според Рихтер, на длабочина од помалку од еден километар. Претходно имаше потреси од 3,3 степени, според Рихтер, на длабочина од 1 километар, 3,2 на длабочина од 2 километри и 3 степени на длабочина од 2 километри. Епицентарот на земјотресите, како и во претходните денови беше на неколку километри од Охрид и Косел.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top