Post Views: 26
На 10.03.2022 година во 17.50 часот во ОВР Струга, приведен е Ф.Л.(20) од Дебар.
При извршен преглед врз патнички автомобил „Фолксваген” со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа вкупно 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал. По целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 1
На 04.09.2021 околу 15,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселски гробишта во с.Ново Село се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.М.(41) од Охрид, патничко моторно возило “бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(23) од с.Радиовце-тетовско, и товарно моторно возило “фургон сангјонг“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(32) од с.Д.Бањица-гостиварско. На местото на незгодата починал сопатникот од товарното возило...
Post Views: 10
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 32-годишниот А.И. од струшкото село Радолишта.
На 3-ти август 2021 година, на улицата „Маршал Тито“ во Струга со употреба на дрвен предмет го нападнал 34-годишниот Б.И. од селото Франгово – информираат од МВР.
Post Views: 3
Припадниците на специјалната единица на полицијата „Тигар“, во соработка со Хеликоптерската единица при МВР спасија изнемоштено лице од Галичник.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), по упатен повик до Центарот за управување со кризи (ЦУК) за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Хеликоптерската единица на МВР бргу се подготвиле и ја почнале мисијата.
Имено, во периодот од 7 до 10 часот денеска е евакуиран жителот на Галичник, кој поради снежните навеви на патиштата кон селото,...
Post Views: 10
На 06.12.2021 во 15.00 часот во селото Горенци, општина Дебрца, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при СВР Охрид, го лишија од слобода Ф.Ч.(34) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконит лов” по член 228 од Кривичниот законик.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 5
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје- 15, Прилеп- 6, Велес- 3, Кочани -2, Пробиштип-1 и Штип -7.
На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април.
Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1, Виница-...
Post Views: 2
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.
Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на ковид-19. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.
Бидејќи...
Post Views: 8
Придобивките кои ги носи персонализираната медицина и нејзиното влијание врз квалитетот на животот на пациентот, е фокус на 44. издание на списанието за одржлив развој „Лице в лице“, кое излегува денеска.
Овој број носи перспектива за постигнување реалност во која секој пациент би бил изложен на здравствена грижа скроена според неговите потреби, неговата болест, и посебниот начин на живеење. Можен е вaков свет, велат и експертите и пациентите кои ги изнесоа своите ставови во новото „Лице в лице“.
Излегувањето на бројот е придружено и со старт на кампањата „И јас читам...
Post Views: 3
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14/15.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 44 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 31 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 110 лица им се издадени решенија за изолација, а 129 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани...
Post Views: 0
На 16.02.2021 година во СВР Охрид, пријавен е физички напад извршен од Е.Б.(55) врз неговата сопруга и синот.
Напаѓачот е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Post Views: 0
Корисниците кои лајкуваат или споделуваат содржини на Фејсбук кои се навредливи за монархијата, чинат кривично дело. Ова го изјавил тајландскиот министер за информации Анудит Накорнтап.
Агенцијата АР пренесува дека оваа изјава е последна во низата закани по слободата на изразување во Тајланд, каде на мета на власта се нашле интернет страници кои претставуваат закана за националната сигурност, односно ја критикуваат монархијата.
Министерот за информации вели дека секој кој на овој начин ќе го прекрши законот ќе биде процесуиран, дури и странците и оние кои го користат...
Post Views: 13
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(38) од Елбасан, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
На 07.11.2021 година околу 20 часот, на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар” и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал,...